Дете пишува домашна работа под бандера- приказна што трогна милиони (ВИДЕО)

Милиони беа трогнати од приказната на 12 годишното момче од Перу кое пишува домашна работа среде ноќ по бандера , зашто родителите немаат пари за да платат струја.

Полицијата од местото Моче на безбедносните камери забележало момче кое во три часот ноќе на пустата улица чита и пишува под бандера. Но , кога зумирале , увиделе дека детето пишува домашна работа.  Полицијата снимката ја сподели на социјалните мрежи , по што медиумите ја објавија приказната за малото момче.

Виктор Мартин ретко кога дома успевал да научи и да напише домашна работа , бидејќи морал да учи на свеќа. Родителите се толку сиромашни што немале пари за да платат за струја. Затоа , малиот Виктор решил да учи под светлоста на уличното осветление. Учел ноќе зашто по часовите морал да помага дома и да ги чува домашните животни.

Мајката Роса Ангуло Кордоба за медиумите изјавила дека Виктор секојд ен ги пасе овците , а помага и во домашните работи , така што нема време за учење.

Откако милиони го погледнаа видеото на социјалните мрежи репортажата за момчето , градоначалникот на местото Моче вети дека ќе ги плати сметките за струја на семејството на Виктор, кој и покрај тешкиот живот има одлични оценки на училиште.  

Британец е осуден зашто си направил револвер со 3Д принтер

Британецот Тендаи Масвер е првиот осуден за нелегална изработка на пиштол со 3Д печетар.

Пиштолот што го направил 26 годишниот Масвер може да функционира и според полицијата е смртоносно оружје. Делови од оружјето се откриени во рација при потрага за дрога во стан во централен Лондон во октомври 2017.

Масвер признал дека го направил пиштолот и го испринтал како дел од научен проект на факултет. Тој на интернет добил информации како да направи пиштол што ќе може да испукува вистински куршуми.

Судот во Лондон дополнително ќе ја изрече пресудата , а казната ќе биде таква што ќе ги спречи криминалците на лесен начин да изработуваат смртоносно оружје.

Кучето Бени има многу тешка работа (ВИДЕО)

Тригодишното куче Бени работи во погребална фирма во амњериканската држава Оклахома.

Фирмата го тренирала златниот ритривер за тешка и посебна задача- Бени ги теши члњеновите на семејството на покојникот. Кучето им носи марамче на оние кои плачат и им дава утеха со своето галење.

,,Неговото присуство го олеснува стресот и тагата. Ги сака луѓето , нежен е со нив , им приоѓа и дозволува да го галат.” вели управителката на компанијата , Дина Кели за американските медиуми.

Бени има сертификат за терапевтско куче и освен носење марамчиња, знае и да клекне , да ја наведне главата , па дури и да се помоли.

Рокер се пофали со телото на 24-годишната сопруга (ФОТО)

Познатиот рокер Томи Ли се пофали со телото на својката 24- годишна сопруга Британи Фурлан , со која беа неколку години во врска , а се венчаа на Свети Валентајн годинава.

,,Ќе ме убие зашто го објавувам ова , но погледнете го ова 100% природно тело. “ , напиша поранешниот тапанар на Мотли Кру и поранешен сопруг на Памела Андерсон и Хедер Локлир.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

She gonna kill me for posting this but look at this 100% natural body 👅

A post shared by T🎱ɱɱ¥ ᒪEE (@tommylee) on

Фотографијата е направена на одморот во Мексико.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dayum!!! My wife is 💣

A post shared by T🎱ɱɱ¥ ᒪEE (@tommylee) on

Фурлан на почетокот на годинава расскажа како го запознала 24 години постариот рокер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@tommylee i am so mad at u for this!!!!!! 😡😡😡😡😂

A post shared by Brittany Furlan Lee (@brittanyfurlan) on

,, Се запознавме онлајн , но се знаевме со години . Тој ги гледаше моите Вајн снимки , беше еден од моите следбеници , а мене ми се допаѓаше неговата музика. “ , раскажа Британи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Support the ones you 🖤

A post shared by Brittany Furlan Lee (@brittanyfurlan) on

Таа во 2015 од магазинот Тајм беше прогласена за една од највлијателните личности на интернет. Вели дека нејзината тајна е во тоа што е искрена.

притисни ентер