Нов моден хит – наместо облека , се носат лепливи ливчиња (ФОТО)

Познатите светски старлети почнаа нов моден тренд , кој јавно и во најголем број го промовираа на фестивалчот Коачела.

На годинашниот фестивал , на кој традиционалнио се фотографираат светските убавици , не се носеше облека. Наместо тоа , девојките имаа налепени светкави ливчиња во различни бои , облици и комбинации.

Трендот за лепење на теклото со вакви траки го воведе дизајнерот од Мајами , Џоел Алварез , кој веќе десет години се пробива на модната сцена со оваа ,,облека” .

,,Во 2008 бев фотограф почетник , а една манекенкла ми предложи за последниот стајлинг да користам светлечка лента. Потоа оваа идеја ја унапредував, така што вежбав со манекенки што и претходно ги фотографирав. “  

Набргу почнал своите креации да им ги продава на танчерките во ниоќните клубови во Мајами , а потоа и во Франција, Норвешка и во Канада.

Се прослави кога Мис на Порторико се пофали со костим за капење направен од светлеките ленти на Алварез.

Меѓу неговите најпопуларни креации се костимите за капење од ливчиња , кои паѓаат веднаш кога се влегува во вода.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I'm sure you guys have seen this video all over the web. I took this video Feb of 2017 and posted it up with no idea it would go viral. After 10million views on my Facebook and countless shares on Instagram this project introduced the gold tape edition of the blacktapeproject with former Miss Puerto Rico. This was shot in the beaches of Haiti for the JBFoundation charity event which inspired me to start my own charity for the children of mango hall in Jamaica. This 17sec video basically jump started my career and opened so many doors for me. Countless features, articles and interviews from news outlets around the world. . . Now over a year later I have perfected the gold tape and will be showing 10 one of kind peices at this year's @miamiswimweek at the @artheartsfashion at the @faenaforum July 15th at 10pm. This is a very unique show as I will be a headlining designer show designs that will be completed just minute prior to the show. No pre planning or already made peices. This is art and couture at its highest level. . . DM ME if you would like to attend or walk my shows , set up an appointment for a fitting and shoot or just come and show some love. Very excited to be a part of this year's swim week as a designer. This will be my biggest and most impressive show to date. . . Big thank you to @artheartsfashion @erikrosete for inviting me and giving me another great opportunity. . . #miamiswimweek @miamibeach #miami #sountbeach #miamifashion #swimlife #treats #treatsmagazine #vogue #teenvogue #couture #nyfw #miamiswimweek2018 #faenaforum #livmiami #storymiami #rockwellmiami #blacktapeproject #blacktape #tapeart #missuniverse #misspuertorico #jbfoundation #mangohallcharity

A post shared by Joel Alvarez (@blacktapeproject) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dragon tape is available with world wide shipping. Check out our fabel collection. Link in the bio

A post shared by Joel Alvarez (@blacktapeproject) on

Хозе „Пепе“ Мухика – пример за претседател за кој Уругвај се уште жали

Обама, Путин, Макрон..... Веројатно нема рецепт за совршен претседател, но очигледно има лидери, кои и по крајот на мандатот, остануваат врежани во колективната меморија кај својот народ.

 Таков е примерот со екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика, кого го красеше епитетот  најсиромашен лидер на светот..

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Традиционално во државава, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово" во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.

– Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзиното божество, а најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја.

Каде што нема Бога не може да биде ни човек. Човек кој нема вера, дури и не целосна, мора да има отвореност кон оној свет со кој Бог ни излегува во пресрет. А тој свет е ново подрачје на кое сме повикани токму преку воскресението на Исус Христос. Да дозволиме тогаш Божјата сила да ни го отстрани каменот од вратата на нашите срца и нашата совест и да не осветли Христовата светлина што нѐ менува одвнатре да не лебдиме во воздухот како бесцелни  суштества, туку да одиме по оваа земја како луѓе што Бог ги создал да живеат овде во љубов и вечно блаженство.

Во очекување сме на доаѓањето на Светиот Отец, папата Фрањо, на нашата татковина. Очекуваме дека оваа пасторална посета на светиот Отец е токму чин кога од гробот на нашето чувство помалку вредни и немоќни се отстранува „големиот камен". Ако е некој повикан, тогаш тоа е папата со својот апостолски авторитет и Христова љубов да му покаже и порача на светот за вредноста и валидноста на нашиот народ и нашата земја. Во тие мисли и силна молитва: нека Воскреснатиот Христос ни ги осветли патеките на животот во нашите срца, семејства, во општеството секогаш да чекориме како синови на светлината, а не на темнината. Христос Воскресе!, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов. 

Пикник – промоција на „Здраво Скопје"

 Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". 

Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.

„Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува. 

притисни ентер