,,Кралското бебе ќе биде девојче и ќе се вика Дајана” – британските кладилници уриваат рекорди

Според досегашните резултати од кладилниците во Британија , на неколку дена од најочекуваното породување на Меган маркл , бебето ќе биде девојче и ќе се вика Дајана.

Ова е најчестото име што се спомнува , а речиси сите се кладата дека бебето на кралската двојка Меган и Хари , ќе биде девојче. Од агенциите велат дека веќе и се сомневаат , сметајќи дека можеби некој го виделултразвукот на војвотката Меган. Со четири наспрема еден , најголем фаворит за името е Дајана. Понего следуваат Викторија, Елис , Грејс и Елизабет.

Оние кои се кладат дека бебето ќе биде машко ги избираат имињата Алберт, Артур и Џејмс. Дури 80 проценти од предлозите се однесуваат на името Дајана, иако од агенциите сметаат дека е малку вериојатно Хари да одбере име на своето дете што ќе го потсетува на неговата трагично загината мајка.

Според историчарката на кралското семејство , Каролин Херис , најверојатно Дајана би било средното име на бебето ако е девојче. Бебето на Хари и Меган ќе биде седмо по ред за наследство на кралската круна на Британија.

Барби преобразба на опасен воен џип (ВИДЕО)

Иако е стар повеќе од половина век , воениот Ланд Ровер доживеа вистинска преобразба и се нуди на продажба за висока цена.

Во розе изведба , воениот џип изгледа како подготвен за забава , иако ги има сите дополнителни воени делови , потребни за британската армија. Станува збор за втората серија на Дифендер , а токму овој џип зад себе има и воена историја.

Кон крајот на 60 – тите години го користеле британските специјалци од САС , а сега е модифициран во Кембриџ. При тоа џипот го изгуби покривот, предното стакло и вратите , а доби поголем резервоар за гориво , како и вооружување.

Но , вистинското прашање е зошто токму розева боја. Според сопственикот , затоа што џипот е наменет за возење низ пистина , а во пустинските предели на Оман розевата боја е помалку видлива.

Од овој модел се направени само 72 примерока , а до денеска пшреживеале околу 20. Џипот е понуден на продажба по цена од 64 995 фунти.

Ријана се појави во ,,незгоден” фустан на модна ревија (ФОТО)

Пејачката Ријана на претставувањето на најновата колекција на модниот бренд Фенти се појави со задоцнување од цели три часа.

Сепак Ријана уште при доаѓањето не можеше да не остане незабележана. Претесниот фустан и направи проблем при излегувањето од автомобилот , па мораше да ги крие ,,незгодните” делови.

Кога се исправи и тргна сите забележаа дека под фустанот не носи ништо , а деколтето покажуваше премногу,. Пејачката за модната ревија избра тесен розев фустан , кој малку нешта покриваше.

Пејачката ги почести сите присутни не само со нозете и бутовите , туку и со интимните делови. Ријана во последно време често може да се види во премногу слободни комбинации.

Пред неколку дена се појави во проѕирен комбинезон со принт на леопард, а во изјава за магазинот ,,Интервју” откри дека решила да не ја става кариерата пред приватниот живот.

Руски полицаец сакал да се пофали со Лада , па настрадал (ВИДЕО)

Полицајците и сите кои возат полициски автомобили и оние за обезбедување мора да знаат да направат свртување од половина круг.

За таков маневар, кој често се гледа во акциските филмови е потребен и соодветен автомобил. Но , според видеото , кое го обиколи светот Лада Веста не е таков автомобил. За да се направи свртување во место , потребно е висока положба на тежиштето на возилото.

Во спротивно , големата брзина и несоодветниот автомобил , доведува до превртување.

Токму тоа му се случило на припадник на руската воена полиција , каде со дрон е снимен неуспешниот маневар. Ладата , сепак се дочека на тркала , а возачот и совозачот останаа неповредени.

притисни ентер