Баба ја подои својата внука додека мајката се туширала (ВИДЕО)

Ангела Овенс на 47 годишна возраст ја дои својата десетмесечна внука Наоми, за да ја замени ќерката Џулија Кенонс.

Џулија има 21 година и тешко се снаоѓа во мајчинството , така што помошта на нејзината мајка е добредојдена. Прв пат мајката почнала да ја дои Наоми на четири месечна возраст , кога Џулија отишла да се тушира , а бабата за да не плаче внуката едноставно ја надоила.

Бабата и самата има пет деца , од кои најмалото една година и со задоволство и помага на ќерката. Јавноста е згрозена од ваквата помош , а уште повеќе кога Џулија објави фотографии на социјалните мрежи.

Сепак тие велат дека доењето е најприродна работа на светот и нема зошто да прекинуваат .

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер