Променливото време гo зголеми бројот на телефонските повици во Брзата помош

Најголем дел од повиците е од страна на луѓе кои биле со депресивно расположение, панични напади, а дел и решиле да си го одземат животот. 

Докторите апелираат во вакви ситуации да се побара психајтриска помош, а оние кои знаат дека имаат проблеми редовно да ја земаат терпијата. Од брзата помош велат дека проблеми имале и луѓето со крвниот притисок.

Докторите со совет луѓето да ги остават телефоните да излезат да прошетаат и по дожд. Затвореноста и стресот кај луѓето прави уште потешко да се надиминат временските промени. И оваа недела ќе ни бидат потребни чадорите. Дождови и пониски температури од старот на работната недела.

Темературите ќе бидат во мал пад, а на планините тие ќе се спуштат и до нулата.

Руски полицаец сакал да се пофали со Лада , па настрадал (ВИДЕО)

Полицајците и сите кои возат полициски автомобили и оние за обезбедување мора да знаат да направат свртување од половина круг.

За таков маневар, кој често се гледа во акциските филмови е потребен и соодветен автомобил. Но , според видеото , кое го обиколи светот Лада Веста не е таков автомобил. За да се направи свртување во место , потребно е висока положба на тежиштето на возилото.

Во спротивно , големата брзина и несоодветниот автомобил , доведува до превртување.

Токму тоа му се случило на припадник на руската воена полиција , каде со дрон е снимен неуспешниот маневар. Ладата , сепак се дочека на тркала , а возачот и совозачот останаа неповредени.

Британец е осуден зашто си направил револвер со 3Д принтер

Британецот Тендаи Масвер е првиот осуден за нелегална изработка на пиштол со 3Д печетар.

Пиштолот што го направил 26 годишниот Масвер може да функционира и според полицијата е смртоносно оружје. Делови од оружјето се откриени во рација при потрага за дрога во стан во централен Лондон во октомври 2017.

Масвер признал дека го направил пиштолот и го испринтал како дел од научен проект на факултет. Тој на интернет добил информации како да направи пиштол што ќе може да испукува вистински куршуми.

Судот во Лондон дополнително ќе ја изрече пресудата , а казната ќе биде таква што ќе ги спречи криминалците на лесен начин да изработуваат смртоносно оружје.

Кучето Бени има многу тешка работа (ВИДЕО)

Тригодишното куче Бени работи во погребална фирма во амњериканската држава Оклахома.

Фирмата го тренирала златниот ритривер за тешка и посебна задача- Бени ги теши члњеновите на семејството на покојникот. Кучето им носи марамче на оние кои плачат и им дава утеха со своето галење.

,,Неговото присуство го олеснува стресот и тагата. Ги сака луѓето , нежен е со нив , им приоѓа и дозволува да го галат.” вели управителката на компанијата , Дина Кели за американските медиуми.

Бени има сертификат за терапевтско куче и освен носење марамчиња, знае и да клекне , да ја наведне главата , па дури и да се помоли.

притисни ентер