,, Да не абортирав , ќе родев од своите силувачи” – шокантна исповед на холивудска ѕвезда

Холивудкаста ѕвезда Ешли Џад јавно проговори за трите силувања и откри дека ќе имаше дете од нив , доколку не абортирала.

Актерката и активистка на движењето #MeToo зборуваше на 10. Самирт за женските права во Њујорк.

Џад говореше за новиот закон за абортус , донесен минатиот месец во Џорџија , во кој се забранува абортус доколку може да се слушне отчукување на срцето на фетусот, иако тоа може да се случи и пред жената да утврди дека е бремена.

,,Како што знаат сите , преживеав три пати силување.По едното од силувањата , останав бремена . И многу сум среќна што можев да извршам сигурен и легален абортус . Зашто силувачот кој живее во Кентаки , како и јас која живеам во Тенеси , ќе имаше татковски права и во двете држави и ќе моравда бидам родител со својот силувач.” , рече актерката.

Ешли Џуд никогаш не ги именуваше своите силувачи , но беше една од првите која го обвини продуцентот харви Вајнштајн за сексуално злоставување.

Георгина на Роналдо се расфрла со богатството

Вереницата на Кристијано Роналдо , Георгина Родригез знае да ужива во богатството.

Георгина на Инстаграм се пофали со фотографија пред хеликоптерот , со кој се вратила од аеродромот по одморото во Грција , каде беше семејството на фудбалската ѕвезда. Георгина позира во црн комплет , во кој се истакна нејзината совршена линија. Но , веднаш во очи падна едендетал поставен на пистата до нејзините нозе, со кој се гледа во каков луксуз живее вереницата на Роналдо.

Станува збор за торбата од најновата колекција на дизајнерот Виргил Аблох , кој работи за модната куќа Луј Витон.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🚁 @fashionnova jumpsuit 💣

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Проѕирната торба со шарен одсјај е дел од машката колекција , но очигледно Георгина сакала да се почести со убав додаток. Но , не е само убав , туку и скап , така што една таква торба чини 6 000 евра.

Инаку , и самиот Роналдо е љубител на скапоцени торби , па неодамна во приватниот авион се фотографираше со луксузна Биркин торба покрај нозете.

Барби преобразба на опасен воен џип (ВИДЕО)

Иако е стар повеќе од половина век , воениот Ланд Ровер доживеа вистинска преобразба и се нуди на продажба за висока цена.

Во розе изведба , воениот џип изгледа како подготвен за забава , иако ги има сите дополнителни воени делови , потребни за британската армија. Станува збор за втората серија на Дифендер , а токму овој џип зад себе има и воена историја.

Кон крајот на 60 – тите години го користеле британските специјалци од САС , а сега е модифициран во Кембриџ. При тоа џипот го изгуби покривот, предното стакло и вратите , а доби поголем резервоар за гориво , како и вооружување.

Но , вистинското прашање е зошто токму розева боја. Според сопственикот , затоа што џипот е наменет за возење низ пистина , а во пустинските предели на Оман розевата боја е помалку видлива.

Од овој модел се направени само 72 примерока , а до денеска пшреживеале околу 20. Џипот е понуден на продажба по цена од 64 995 фунти.

Ријана се појави во ,,незгоден” фустан на модна ревија (ФОТО)

Пејачката Ријана на претставувањето на најновата колекција на модниот бренд Фенти се појави со задоцнување од цели три часа.

Сепак Ријана уште при доаѓањето не можеше да не остане незабележана. Претесниот фустан и направи проблем при излегувањето од автомобилот , па мораше да ги крие ,,незгодните” делови.

Кога се исправи и тргна сите забележаа дека под фустанот не носи ништо , а деколтето покажуваше премногу,. Пејачката за модната ревија избра тесен розев фустан , кој малку нешта покриваше.

Пејачката ги почести сите присутни не само со нозете и бутовите , туку и со интимните делови. Ријана во последно време често може да се види во премногу слободни комбинации.

Пред неколку дена се појави во проѕирен комбинезон со принт на леопард, а во изјава за магазинот ,,Интервју” откри дека решила да не ја става кариерата пред приватниот живот.

притисни ентер