НАСА објави нови фотографии од црната дупка (ВИДЕО)

Веднаш по првата фотографија направена во историјата на човештвото од црната дупка , НАСА објави уште една фотографија.

Научниците денеска направија пресврт во астрофизиката со објавување на првата фотографија на црната дупка , на која работеле две години.

Ова историско достигнување е постигнато со глобалната телескопска мрежа составена од низа телескопи стационирани на Земјата во проектот кој се смета за проверка на теоријата релативност на Ајнштајн.

Откритието беше претставено на прес конференции во повеќе градови како во Вашингтон , Брисел , Сантјаго , Шангај , Тајпеј и Токио.

Фотографијата открива црна дупка во средината на Масиер87 , огромна галаксија оддалечена 54 милиони светлосни години од Земјата.

Невиден резултат во хокеј: Голманот имал 65 одбрани, неговата екипа изгубила со 57: 0 (ВИДЕО)

Во моментов, во главниот град на Узбекистан, Ташкент, се игра првенството во хокеј на мраз до 18 години на Азија и Океанија.

На турнирот учествуваат Монголија, ОАЕ, Макао, Малезија, Иран, Индонезија, Индија, Тајланд, Кувајт и домаќинот Узбекистан.

Денеска се одигра натпревар меѓу Тајланд и Кувајт кој го понуди еден од најлудите и најнеобичните резултати некогаш видени во хокејот. Кувајќаните беа поразени со 57:0, а тоа само по себе, колку и да звучи лудо, не е врв на натпреварот. Имено, нивниот голман имал дури 65 одбрани.

За 60 минути игра, Тајланѓаните упатија дури 122 удари кон Фајсал Ал Ленкави. Сите играчи на Тајланд постигнаа барем по еден гол, освен двајцата резервни голмани.

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. “

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Сарај.

Според него, изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Граѓаните треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата и затоа треба да излезат и да гласаат, рече Ковачевски.

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарија кои сме ги гледале во минатото во нашата држава. Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Тоа е сигурен пат кон изолација наредната декада или не дај Боже за цела една генерација. И овие тензии што сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Како што гледаме, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.“

Ковачевски истакна дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина никогаш нема да се откажат од членството во ЕУ затоа што само така како држава ќе успееме да изградиме подобро образование, поквалитетно здравство, поефикасно владеење на правото, поцврста борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани, се наведува во партиското соопштение.

Русија најави преместување на системите Искандер на финската граница, НАТО со одговор

Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска.

Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.

Русија ја нарече провокативна одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.

Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.

„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.

„Оперативно изгледа апсурдно ракетните системи со толку голем дострел да се приближуваат до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.

притисни ентер