Историски ден за човештвото – научниците ја снимија црната дупка (ВИДЕО)

Денеска за прв пат по децении истражувања , е направен апрвата снимка од црната дупка .

За прв пат во историјата Event Horizon Telescope  ја објави неверојатната фотографија на црната дупка.

Иако различни реконструкции и визуелизации можеа да се видат во многу филмновим, за прв пат денеска се гледа овој вселенски феномен. Причината поради која ен можеше до сега да се сними црната дупка е прозаична- црните дупки се невидливи. Нивната гравитација е толку силна што ништо во нивото поле не може да им избега. Затоа научниците сметаат дека успехот е уште поголем . По двегодишна работа и итра идеја како да ги фатат контурите на црната дупка, тие го снимија нејзиниот хоризонт на случувања.

,,Гасот што паѓа кон црната дупка се загрева на повеќе од милијарда степени , поради што хоризонтот на настаните е видлив како силуета , чија големина и облик е одредена со Ајнштајновата теорија.” , објаснуваат од ЕХТ.

Научниците претставија светлосно зрачење на материја што кружи со огромна брзина по работ на хоризонтот околу мрачното подрачје што е всушност црната дупка.

Аастрономите се решија да снимаат две најпознати црни дупки во нашата вселена. Ја снимаа Сагитариус А и уште една во галаксијата М87.

Сагитариус А се наоѓа во средиштето на Млечниот пат и има 4,3 милиони пати поголема маса од Сонцето и е оддалечена 25 000 светлосни години од Земјата. 

Другата црна дупка М87 се наоѓа во средиштето на соѕвездието Девица . Станува збор за една од најголемите црни дупки. Нејзината маса е за 6 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето , а самата галаксија е оддалечена од Земјата 50 милиони светлосни години.

Прва научниците ја објавија фотографијата на црната дупка М87.

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Традиционално во државава, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово" во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.

– Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзиното божество, а најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја.

Каде што нема Бога не може да биде ни човек. Човек кој нема вера, дури и не целосна, мора да има отвореност кон оној свет со кој Бог ни излегува во пресрет. А тој свет е ново подрачје на кое сме повикани токму преку воскресението на Исус Христос. Да дозволиме тогаш Божјата сила да ни го отстрани каменот од вратата на нашите срца и нашата совест и да не осветли Христовата светлина што нѐ менува одвнатре да не лебдиме во воздухот како бесцелни  суштества, туку да одиме по оваа земја како луѓе што Бог ги создал да живеат овде во љубов и вечно блаженство.

Во очекување сме на доаѓањето на Светиот Отец, папата Фрањо, на нашата татковина. Очекуваме дека оваа пасторална посета на светиот Отец е токму чин кога од гробот на нашето чувство помалку вредни и немоќни се отстранува „големиот камен". Ако е некој повикан, тогаш тоа е папата со својот апостолски авторитет и Христова љубов да му покаже и порача на светот за вредноста и валидноста на нашиот народ и нашата земја. Во тие мисли и силна молитва: нека Воскреснатиот Христос ни ги осветли патеките на животот во нашите срца, семејства, во општеството секогаш да чекориме како синови на светлината, а не на темнината. Христос Воскресе!, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов. 

Пикник – промоција на „Здраво Скопје"

 Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". 

Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.

„Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува. 

Дневен хороскоп за 21.4.2019 година

Дневен хороскоп за недела , 21. април 2019 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа.

Кариера

Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Едноставно верувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате.

Здравје и совет

Ќе ширите позитивна енергија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени.

Кариера

Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето.

Кариера

Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома.

Кариера

Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите.

Здравје  и совет

Поврзете се со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба.

Кариера

Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив.

Кариера

Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова.

Кариера

Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место.

Здравје и совет

Бидете мудри.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина.

Кариера

Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила.

Здравје и совет

Издржете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа.

Здравје и совет

Радувајте се . Имате зошто.

притисни ентер