Еко-акција за чистење на парк шумата Гази Баба

Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило", со поддршка на „Акцијаши" – Скопје, денеска беа исчистени  пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази

Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.

– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. 

Штрајк на вработените во луксузни хотели во Париз

Вработените во луксузни хотели во Париз штрајкуваат и велат дека е зголемен обемот на работа, а не им се платени придонесите, додека три од четири лифта не работат.

Утрово штрајкуваа вработените во два луксузни хотели во Париз пред седиштето на холдингот ЈЈW – Франција , сопственост на саудискиот милијардер Мохамед ал Џабер. Тие бараат од сопственикот да им исплати 2,5 милиони евра придонеси за здравствено и пензиско осигурување , што со месеци не им биле уплатувани.

Бараат исплата и на набавувачите , ккао и подобри услкови за работа. персоналот се жали дека три од четири лифрта во хотелот со пет ѕвездички ,, Vigny” не работат , зашто сопственикот не и платил на фирмата што ги одржува. Зголемен е обемот на работата на собарките , па се почести се боледувањата.

Денешниот е четврт штрајк на вработените на овие хотели од почетокот на годинава. Саудискиот  милијардер е сопственик на седум луксузни хотели во Париз , а неговиот холдинг од 2013 е во постапка за заштита на доверителите.

Против Мохамед ал Џабер е во тек судска постапка пред парискиот суд за корупција.

Борис Џонсон на чекор поблиску до премиерската позиција

Во третиот круг на изборите во Конзервативната партија , Џонсон доби најголема поддршка од пратениците.

Борис Џонсон денеска ја зацврсти водечката позиција за фаворит во трката за партиски лидер и премиер на Британија на местото на Тереза Меј. Поранешниот министер за надворешни работи во кабинетот на Меј и поранешен градоначалник на Лондон, доби 143 од 313 гласови на пратениците од конзервативната партија во Долниот дом на Парламентот.

Актуелниот министер за надворешни работи , Џереми хант освои 54 гласа, а министерот за живтотна асредина Мајкл Гоув е трет со 51 глас. на четврто место е министертот за внатрешни работи , Саџид Џавид со 38 гласа , а министерот за меѓународен развој Рори Стјуарт освои само 27 гласа и е елиминиран од трката за премиераската позиција.

Утре ќе се гласа уште два пати за да останат само двајца кандидати. Потоа ќе се организираат избори , на кои ќе може да гласаат сите членови на Конзервативната партија , кои ги има околу 120 илјади , така што до крајот на јули ќе се знае кој ќе биде новиот британски премиер. До тогаш во Даунинг стрит 10 останува Тереза Меј.

Обединетите нации го обвинија престолонаследникот на Саудиска Арабија за бруталното убиство на новинарот Кашоги

Специјалната претставничка на Обединетите нации Агнес Каламар го објави извештајот за бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги во саудиската амбасада во Истанбул.

Саудиските власти негираа вмешаност во бруталното убиство на Кашоги , чие тело беше распарчено , растворено во киселина и пуштено низ канализација. Каламар денеска објави дека убијците го чекале Кашоги во конзулатот и биле нервозни поради задачата што треба да ја извршат.

Во еден момент Матер Мутреб, саудискиот шпион прашал дали стигнало жртвеното јагне и ќе биде ли можно да се стави трупот во вреќа. Таа презентираше снимени разговори меѓу убијците. На тоа одговара форензичарот Салах ал-Тубаџи кој вели дека телото е претешко и затоа треба да го распарчат.

,,Зглобовите ќе бидат одвоени . Тоа не е проблем. Телото е тешко. Прв пат сечам на земја. Ако земеме пластични вреќи и го исечеме телото на делови , ќе биде завршено. Ќе го замотаме секој дел. “ вели форензичарот и досава дека задачата ќе биде лесна.

На Мутреб и на уште десет лица им се суди во Саудиска Арабија на затворен судски процес. Извештајот на ОН упатува на истрага против престолонаследникот Мухамед бин Салман и други високи саудиски функциоенри , како нарачатели на убиството.

Кашоги пишуваше во Вашингтон Пост и беше остар критичар на саудиските власти. Специјалната претставничка на ОН, Каламар вели дека принцот морал да знае за ова убиство , зашто за неговата организација биле потребни големи владини ресурси и координација.

Извештајот за убиството ќе биде претставен на редовната седница на Советот за човекови права на ОН , што почнува оваа недела во Женева.

притисни ентер