Стоилковски: Трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата во државата

Трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата и правната држава во Република Македонија. 

Почитувањето на меѓународното право, почитувањето на основните човекови права и принципот за независно и професионално јавно обвинителство, треба да ја вратат довербата на граѓаните во системот и да бидат сигурни дека органите на прогонот нема да бидат продолжена рака на извршната власт, туку пред се ќе ги штитат интересите на државата и на граѓаните.

Jавноста мора да знае од која од трите принципи власта е подготвена да ја жртвува? Кои од бараните принципи врз кои треба да се изгради новиот закон за јавно обвинителство Зоран Заев и Рената Треневска Десковска сакаат да отстапат? Дали е тоа принципот за следење на меѓународното право и имплементација на меѓународните препораки, дали е помалку важен за Заев и Треневска Десковска принципот на почитување на основните човекови права кои ќе доведат до Јавно обвинителство кое ќе ги следи меѓународниот суд за човекови права, или Заев и Треневска Десковска сакаат да тргуваат со принципот за независно непартиско отчетно и транспарентно јавно обвинителство кое што ќе ги штити интересите на граѓаните наместо интересите на власта?

Што се' се волни да прескокнат од меѓународните препораки во законскиот текст, за Зоран Заев и Рената Треневска Десковска да избегаат од комисија која ќе го испитува работењето на овој тим на СЈО? Што се' треба да биде жртва на желбата на Заев и Треневска Десковска за да го избегнат Јавно обвинителство кое што нема да работи под стеги и прислушувања? Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта.

Трговија со правото и правдата, трговија со основни принципи кон реформи и заштита на демократијата, трговија со човековите права е не дозволена во демократијата. А токму тоа го прават и го посакуваат Заев и Треневска Десковска.

Почитувани,

Залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи. Ваков законски текст каков што е доставен е антиреформа, со оглед на тоа што не содржи огромна низа на релевантни препораки кои што ќе доведат до право и правда, до правна држава, до Јавно обвинителство во име на граѓаните, до Јавно обвинителство кое нема да се плаши да ги истражи криминалите на власта, а тоа се и основните принципи за постоење на Јавно обвинителство. Барањето амандмани во оваа фаза, е токму тоа, обид за трговија со основните принципи. Демократијата точно определува кога и каде се поднесуваат амандмани, тоа се прави во Собранието, во собраниска процедура, а не во министерствата во владата.

Почитувани, европската иднина не зависи од брзината на носење на закони, туку од нивниот квалитет и практикување. Доколку не се почитуваат основните принципи, Македонија повторно ќе има нефункционално јавно обвинителски систем. Консензус не значи земи или остави во 5 минути, не значи поддршка на неквалитетни решенија. /МИА

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер