Пропадна и вториот обид за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за законот за обвинителство

Четирисетина минути им беа доволни на власта и опозицијата да сфатат дека не можат да се најдат на половина пат околу иднината на Специјалното јавно обвинителство.

Вчерашната средба заврши без договор а најави за нова нема.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи очекува преговорите да продолжат но и паралелно да се бара двотретинско мнозинство во собранието.

По кратката втора рунда министерката за правда Рената Дескоска вчера ја обвини опозициската ВМРО ДПМНЕ дека со своите предлози сака да протне амнестија и спротивно на првичниот договор не доставиле амандмани.

Антонио Милошоски пак рече дека сега топката е кај СДСМ и ако сака може во законот да ги вметне нивните забелешки. Денеска од неговата партија обвинија дека предложениот закон е анти - реформски и ги штити криминалот и корупцијата.

Намерата на власта е што поскоро да се најде решение за СЈО, односно до први април кога започнува изборната кампања за претседателските избори, бидејќи од тоа зависи и оценката од Брисел за давање зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Со оглед на дијаметрално спротиставените ставови, договор на повидок нема, па оттаму дел од аналитичарите не ја исклучуваат можноста да надвладее притисокот на меѓународната заедница и да се дојде до компромис, но и двотретинско мнозинство да се бара по заобиколен пат, односно по теркот на Преспанскиот договор.

Власта и најголемата опозициска партија имаат крупни разлики околу статусот и составот на СЈО, но и околу користењето на бомбите како докази во истрагите отворени по завршувањето на рокот во кој обвинителството можеше да покренува обвиненија.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер