Министерството за финансии најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација

Министерството за финансии во следниот период најавува интензивирање на кампањата за финансиска едукација.

Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, финансиската писменост и познавањето на финансиските услуги и производи е предуслов за носење правилни финансиски и инвестициски одлуки.

Од Министерството за финансии информираат дека училиштата и факултетите можат да закажат посета и предавања за финансиска едукација преку е-мејл адресата [email protected].

Во рамки на Глобалната недела на парите, Министерството за финансии има организирано повеќе посети и предавања на основни и средни училишта. Кон акцијата се приклучи и министерот Тевдовски, кој вчера одржа предавање во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин", а следната недела се очекува тоа да го стори и на Универзитетот во Штип. /МИА.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

Даштевски: Гордана Силјановска Давкова освои 39,97% од гласовите

Последна прес конференција за денеска одржа и Државната изборна комисија, со првичните резултати. .

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги соопшти резултатите од првиот круг на седмите по ред претседателски избори на 89,98% од податоците.

притисни ентер