Во Русија убиено едно од најретките животни – ги има помалку од 500

Руски сточар убил сибирски тигар во близина на Хабаровск на далечниот исток во Сибир.

Животното влегло во шталата и ја нападнало неговата кртава , по што човекот стрелал во реткото животно. Тигарот прво ја нападнал кравата , апотпа се нафрлил и врз човекот , сведочи Русинот. Сибирскиот тигар инаку е строго заштитено животно кое живее на мало подрачје меѓу Русија , Кина и Северна Кореја.

Се проценува дека преживеале помалку од 500 примероци од ова животно. Поради ловокрадците , властите го проверуваат секој поединечен случај на убиство на сибирскиот тигар.

Овие животни се барани поради крзното , забите и другите органи. На денеска убиениот тигар му недостигале карактеристичните заби , така што селанацот е однесен на распит во полиција.

Последниот случај на убиство на сибирски тигар во самоодбрана во тој регион се случил во 2012 година.

Нема докази дека Болсонаро побарал азил во унгарската амбасада, утврдил судот

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, ја затвори истрагата за обвинението дека поранешниот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро, во февруари побарал азил во унгарската амбасада поради недостиг на докази.

- Нема конкретни елементи кои укажуваат дека лицето кое било предмет на истрага имало намера да добие дипломатски азил со цел да побегне од земјата и, следствено, да ја загрози тековната кривична истрага, се вели во писмената одлука на Мораес, пренесуваат британските медиуми.

Сепак, престојот во унгарската амбасада покрена сомнеж дека Болсонаро сака да добие дипломатски азил за да избегне истрага за заговорот за државен удар во Бразил.

Болсонаро рече дека останал во унгарската амбасада со цел да ги одржи блиските дипломатски односи што ги има со Унгарија, на чие чело е десничарскиот претседател Виктор Орбан, политички сојузник на Болсонаро.

Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс, врз основа на видео надзор откри дека Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во главниот град Бразилија помеѓу 12 и 14 февруари, веднаш откако му бил одземен пасошот како дел од истрагата за наводен заговор да се организира воен удар. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Сутлијаш

Во среда (24.04.2024) во емисијата гостин ни беше Даниела Темелковска

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. ориз

300 гр. шеќер

500 мл. млеко

300 мл. вода

2 лажици масло за јадење

1 пудинг од ванила

малини за украсување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Обезбеден буџет за изградба на Турскиот театар-Скопје, завршени покривот и фасадата на објектот

Надворешноста на новиот објект на НУ Турски театар-Скопје – неговата фасада и покрив се завршени, и проектот за изградба продолжува во трета фаза во која ќе бидат поставени внатрешни инсталации за што е во тек јавна набавка за избор на изведувач.

Објектот во изградба денеска го посети министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која по увидот искажа задоволство затоа што, рече, процесот на градежните активности се одвива професионално, стручно и квалитетно и е „забележителен напредокот во изградбата на објектот особено фасадата и покривот“.

За сѐ што досега е реализирано биле издвоени 4,4 милиони евра или 274 милиони денари, а со новите инвестиции на Министерството за култура процесот ќе се финализира и, нагласи министерката, „наскоро очекуваме публиката да има нов театар“.

Гаранција дека театарскиот ансамбл наскоро ќе има свој дом, рече Костадиновска-Стојчевска, е обезбедена со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.

-Министерството за култура во три буџетски години – 2024, 2025, 2026, продолжува непречено да го финансира проектот за што се проектирани средства во износ од 6,1 милиони евра односно 380 милиони денари. Од буџетот на Министерството за култура за оваа година се обезбедени 1,7 милиони евра или 104 милиони денари. Со овие средства ќе се комплетираат градежните зафати, поставувањето инсталации, уредувањето на ентериерот и ќе се обезбеди стручен надзор за театарот да го добие својот облик и форма за да можат вработените низ уметничкото творештво да придонесат во уште поголема афирмација на македонската културата, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Нагласи дека оваа институција повеќе од седум децении придонесува за популаризација и афирмацијата на турската, но и севкупната култура.

-Затоа е потребен нов, современо опремен театар, достоен за реномето кое го имате и за целите што ги поставувате, рече министерката. Додаде дека активно се работи на реконструкција на голем број културни центри во земјава, а Владата е одлучна, рече, да ги заврши сите започнати објекти од културата со максимален квалитет и транспарентна постапка.

Директорката на Турски театар-Скопје, Ајлин Емин Скоро, соопшти дека втората фаза од изградбата е завршена и ќе се отпочне со третата фаза – внатрешните инсталации.

-Веќе е во тек јавната набавка која чекаме да заврши во законски рок, да се одреди изведувачот и веднаш да се почне со внатрешните инсталации – механиката, електриката, водовод и канализација. Објектот е замислен како културен центар кој ќе ги унапредува и афирмира јазикот и култура на турскиот народ тука, и во него ќе функционира и новоформираната национална установа Турски културен центар со галерии, изјави директорката на оваа национална установа.

НУ Турски театар-Скопје постои 74 години и до пред десетина години работеше во ист објект со Албанскиот театар-Скопје во тогашниот Театар на народностите. На таа локација во новоизграден објект сега работи Албанскиот театар-Скопје, а за Турскиот театар во 2015 почна изградбата на нова театарска зграда во близина на Железниччката станица. Додека трае изградбата на Турскиот театар, во изминатите десет години ансамблот ја дели сцената и работи под ист покрив со Театар Комедија.

притисни ентер