Османи: Остваривме голема победа низ целата држава

Кандидатот за претседател на коалицијата на ДУИ , Бујар Османи објави дека победил во голем број општини.

Европскиот фронт победи во голем број општини , рече Осдмани и додаде дека коалицијата остварила голема победа, на што им се заблагодари на граѓаните.

Вранези: Задоволни сме од атмосферата на изборите

Портпаролот на штабот на кандидатот на СДСМ ,Стево Пендаровски,   Наим Вранези вечерва изјави дека во државата се спороведени демократски избори, без инциденти.

Прерано е да се коментира, не е коректно да се излезе со податоци од изборните штабови , пред финалните резултати од ДИК, потенцира Вранези .

Ние сме за европска Македонија, битен е процесот, изјави тој.

притисни ентер