Николовски: Нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето, изјави денеска ресопрниот инистер Љупчо Николовски на работната средба во Велес со земјоделците од регионот.

-Во моментов е сезоната на откуп, но пикот на продажба се очекува да биде после први април пред самите празници. Знаеме за откупната цена. Вчера и завчера постојано тимовите од МЗШВ комуницираат и ги следат состојбите. Бевме и сме во комуникација со сите засегнати страни, со здруженијата и со сточарите. Се одржаа низа средби во предходниот период и како ресорно министерство и како Влада она што можам да го кажам е дека нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба и верувам дека сите заеднички ќе донесеме решение, изјави Николовски.

Како што соопштија од МЗШВ, при тоа Николовски потенцираше дека Министерството континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Во меѓувреме Агенцијата за храна и ветеринарство ја завршува процедурата со пописот кај овците и козите кој треба да заврши до 30.06.2019 година, кој што е важен за попрецизно дефинирање на политиките за секторот овчарство и распределба на субвенциите.

На средбата во Велес на која присуствуваше градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, Николовски беше придружуван од посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска и сите директори на надлежните институции од секторот земјоделство, а фокусот беше ставен на презенитација на мерките од годинашните програми, особено оние кои се важни за земјоделците од велешкиот регион, како што е новата мерка за малите земјоделски стопанства – земјоделски стопанства под 1 хектар, зголемените субвенции за набавка на приплоден добиток од 14 на 91 милиони денари, повисоките субвенции за производителите на јаболка, за производителите на сончоглед и друго.

Во Програмата за рурален развој, министерот за земјодлество посочи дека оваа година се зголемува сумата за мерката Инвестиции за маркетинг на земјоделски производи од 300 илјади евра на близу 4 милиони евра, со што ќе се овозможи предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100% од износот на предлог-проектите, што е важно за инвестиции во преработувачката индустрија.

Николовски најави дека кон средината на годината 55.000 земјоделци ќе ги добијат „зелените картици" за да ја користат новата мерка за субвенција по принципот на кофинансирање за набавка на гориво за земјоделската механизација.

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството Николчо Бабовски ја истакна важноста од навремена исплата на субвенциите пред почетокот на новата производствена сезона.

-Субвенциите се исплаќаат без селекција, во еден ден. Од почеток на мандат до денес за субвенции исплативме вкупно 248 милиони евра, од кои дел од средствата се и за стари долгови за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година вклучително и тековните години, изјави Бабовски.

Инаку, пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се субвенциите за житни култури во износ од 5,5 милиони евра на 26.300 земјоделци, 16 милиони евра се исплатија за субвенции за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки, близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци, 9 милиони евра за лозарите, 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 овоштари. Или вкупно од почетокот на годинава до сега се исплатени 40,5 милиони евра за субвенции, потсетуваат од МЗШВ.

Денешната средба е дел од серијата средби со земјоделци во сите региони во државата, кои ќе продолжат и во следниот период, посочуваат од МЗШВП.

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова

Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се претвори во нова медиумска институција, што предизвика загриженост кај опозициските политичари и новинарите.

Законот е последниот чекор во, како што велат критичарите, обидот на владата на премиерот Роберто Фико да ја зајакне контролата врз институциите во земјата.

Фицо, кој минатата година по неколку години во опозиција по четврти пат стана премиер, тогаш ја критикуваше јавната телевизија како пристрасна.

- Ситуацијата во РТВС е неодржлива, рече Фицо на вчерашната прес-конференција.

- Таа реално не може да биде објективна бидејќи е во спор со словачката влада. Со ова се нарушува основното човеково право на словачките граѓани да имаат објективни информации на располагање, додаде тој.

Владата на Фицо веќе ја затвори канцеларијата на специјалниот обвинител за борба против корупцијата, ги смени шефовите на полицијата и тајната служба и ја пренасочи својата надворешна политика подалеку од силната поддршка за Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека нацрт-законот ефективно го заменува „почитуваниот јавен радиодифузер“ и ја загрозува неговата независност. Министерката за култура Мартина Шимковичова, која претходно работеше во таа телевизија и е позната по ширење теории на заговор, е главен автор на законот.

Според новиот закон, кој се очекува парламентот да го изгласа во јуни, директорот на РТВС ќе биде разрешен неколку години пред истекот на неговиот мандат, а на негово место ќе дојде деветчлен совет кој ќе избере нов.

Министерствата за култура ќе предложат четворица членови на Советот, а останатите ќе бидат експерти назначени од парламентот. Ќе биде формиран и програмски комитет за следење на содржината, што критичарите го нарекуваат наметнување цензура.

Словачката опозиција остро го критикува законот и ја обвинува владата дека се обидува да го замени јавниот радиодифузен сервис РТВС со свој пропаганден медиум.

Неколку невладини организации веќе најавија дека ќе се обратат до Европската комисија и до Европскиот парламент во врска со предлог-законот за јавна радиодифузија. Тие сакаат да го свртат вниманието на контроверзните планови на владата, кои според нив се во спротивност со новиот европски закон за слобода на медиумите. /МИА

Врховен суд денеска со втора јавна седница по жалбата на таткото на убиената Вања

Врховен суд денеска  со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова ќе биде втора јавна седница пред Врховниот суд, по мерката притвор на таткото на Вања. Ѓорчевски, се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Претходно во март годинава, врховен ја одби жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски како неоснована. Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела – „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се наоѓаат во притвор во Скопје.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

притисни ентер