Во Унгарија уапсен Сириец поради погубувањето на 20 луѓе

Унгарските власти уапсиле сириски државјанин осомничен дека учествувал во обезглавувањата во Сирија, како член на „Исламска држава“, соопшти обвинителството во Будимпешта.

Во соопштението се наведува дека осомничениот, чие име не е наведено, осомничен е за погубувањето на околу 20 луѓе во 2016 година.

Тужителите додаваат дека 20-те жртви се членови на семејство на жител на сирискиот град Хомс, кој одбил да и се приклучи на „Исламска држава“

Дневен хороскоп за 28. март 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 28. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами.

Кариера

Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа.

Здравје и совет

Преодна кашлица.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе.

Кариера

Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот.

Здравје и совет

Уживајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка.

Кариера

Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се.

Здравје и совет

Потребен ви е нов режим на здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото.

Кариера

Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел.

Здравје и совет

Ова е ден за вашата сестраност.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба.

Кариера

Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други.

Здравје и совет

Време е да пораснете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво.

Кариера

Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра.

Кариера

Денеска подобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја.

Кариера

Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот.

Здравје и совет

Бидете отворени за секоја ситуација.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија.

Кариера

Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време.

Здравје и совет

Не се залетувајте по нереални ситуации.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно.

Здравје и совет

Внимателно со медикаментите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност.

Кариера

Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники.

Здравје и совет

Намалете ги слатките во исхраната.

„Само Интервју“ со Билјана Ванковска

Дами и господа, вечерва во Само Интервју, ќе гостува професорката и кандидатка за претседател Билјана Ванковска.

Која е нејзината визија за Македонија, се согласува ли со идеологијата на Левица партијата што стои зад неа?

Како ќе ги убеди гласачите да ја поддржат, реални ли се очекувањата да отстрани од шаховската игра еден од кадндидатите на двете најголеми политички партии?

Кои се прогресивни, а кои деструктивни сили, можно ли е без уставните измени да останеме на Европски колосек?

Има ли и кои се алтернативи за ЕУ и НАТО?

Во кого гледа најголем ривал и кому би му ја дала поддршката доколку не влезе во вториот круг?

Bечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Билјана Ванковска, по вестите во 18 часот.

Еве како нередот дома влијае врз вашето ментално здравје!

Истражувањата покажале дека постои поврзаност помеѓу вишокот работи во животниот простор и менталното здравје.

Организирањето и чистењето на животниот простор може да ви го поправи расположението и да ја поттикне вашата продуктивност.

Нашето ментално здравје може да биде под влијание на многу надворешни фактори како климатските промени, ескалацијата на глобалното насилство, пандемиите... Експертите тврдат дека лошите вести предизвикуваат чувство на немоќ, но и дека средувањето на нередот во домот може позитивно да влијае врз нашето ментално здравје.

Нередот во домот може да биде одраз на нашата лоша ментална состојба и негативно да влијае на нашата меморија. Нередот може да доведе и до лоши навики во исхраната, да го зголеми ризикот од развој на нарушувања во расположението, да го попречува фокусирањето и носењето одлуки, пренесува studyfinds.org.

Истражувањата покажуваат дека нередот во нашиот животен простор негативно влијае на нашата креативност, ја намалува продуктивноста и ни ја црпи енергијата.

Нередот ја отежнува комуникацијата и може да ги наруши меѓучовечките односи. Ако просторот во кој живеат луѓето е натрпан со непотребни работи, тие доведуваат до расејување на вниманието и ги попречуваат емоциите. Научниците животниот простор го споредија со „психолошкиот дом“, посочувајќи дека просторот во кој живееме треба да се доживува како место на безбедност и удобност.

Реорганизацијата на нередот и хаосот во домот има позитивно влијание врз менталното здравје, дури и повеќе отколку што мислиме. А, ова се придобивките што може да ги донесе:

- го подигнува расположението - го опушта умот

- го подобрува физичкото здравје и навиките во исхраната

- ја зголемува продуктивноста

- ја ублажува анксиозноста

- го подобрува сонот и може позитивно да влијае на нашите односи со другите

Како да се организирате?

Експертите истакнуваат дека е доволен и мал чекор, на пример, можете да почнете со организирање на фиоките и полиците. Размислете колку е добро да имате организиран простор и за каква подобра цел може да послужи. Освен тоа, реорганизирајте ги предметите во четири групи: за чување, за фрлање, за донирање и за преместување. Покрај чистењето на куќата, направете и дигитално чистење: избришете ја непотребната електронска пошта.

Стручњаците советуваат да не размислувате премногу за секој предмет пред да го фрлите. Во добро уреден простор, кој не е преполн со работи, ќе се чувствувате поудобно и полесно ќе се опуштите, а сето тоа позитивно ќе влијае на вашето расположение, креативност и продуктивност.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер