Десетици загинати во експлозија во фабрика за пестициди во Кина

Повеќе од 45 жртви и над 650 повредени е билансот од синоќешната експлозија во фабрика за пестициди во источна Кина. 

Властите стравуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува бидејќи повеќе од 30 повредени се во тешка состојба.

Кинеските власти соопштија дека пожарот е веќе ставен под контрола, а во врска со причините за пожарот потсетуваат дека фабриката веќе еднаш била казнета за неисполнување на стандардите потребни за работа со високо запаливи материи.

Канал 5 во Античка Олимпија – запален олимпискиот оган пред игрите во Париз

Традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија денеска е биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024. Дел од оваа церемонија е и екипа на Канал 5.

Дејан Трајкоски го имаме во живо. Дејан, ја почна ли огнот 11-дневната обиколка низ Грција?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција денеска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Рече и дека градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности, пред да се случи пожарот во изминатата недела.. Арсовска упати повеќе прашања до министерството за култура и до фирмата изведувач.

За два дена во Појасот Газа влегоа над 550 камиони со хуманитарна помош

Повеќе од 550 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во текот на последните два дена откако ги минаа темелните безбедносни проверки, соопшти денеска израелската армија, додека ОН сметаат дека ова е недоволна помош.

Израелската армија, во соработка со израелското тело одговорно за палестинските граѓански прашања, „продолжува со напорите да дозволи секојдневно минување на стотици камиони со храна и хуманитарна помош за жителите на Газа“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека само синоќа во северниот дел на газа пристигнале 126 камиони.

Точно 56 пратки помош во храна, исто така, со падобрани пристигнаа во палестинската енклава.

„Нема голема промена во обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа, ниту има подобар пристап до северниот дел на Газа“, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Од почетокот на април просечно 181 камион со хуманитарна помош секојдневно влегуваат во Газа преку пристапните точки Рафа и Керем Шалом, соопшти агенцијата на ОН, оценувајќи дека оваа бројка е „под оперативниот капацитет на двата гранични премини, преку кои дневно треба да минуваат 500 камиони“.

УНРВА ја координира речиси целата хуманитарна помош за Појасот Газа, енклавата која од октомври е опколена и уништена во израелската офанзива./МИА

притисни ентер