Седум фатални грешки на авионот Боинг 737 МАХ8

Експертите најдоа одговор на прашањето како можеле два нови патнички авиони да се урнат веднаш по полетувањето. Во несреќите во Етиопија и во Индонезија загинаа 348 патници и членови на екипажот. 

Авионот Боинг 737 МАХ8 е најбараниот нов патнички авион, а компанијата сега има над 4 500 нарачки. Но, сите летови на овие авиони се забранети, се додека не се утврди точната причина за падот на двата нови авиони.

Главната причина за падот е новиот систем наречен „Систем за зголемување на маневарските карактеристики” – MCAS. Маневарот на овој систем се случува без влијание на пилотот и со него самиот авион се спушта надолу, кога нема доволно сила за да се полетува. Моделот МАХ е сосема нов модел на Бонг 737, а авиокомпаниите без обука на пилотите го користат како да е претходниот модел , 737.

Моторите на МАХ се поставени кон напред, така што може да се јават проблеми при полетувањето, доколку пилотите го насочат врвот на авионот премногу високо. Затоа е воведен и системот MCAS , а авиокомпаниите без да трошат пари за обука на пилотите добиваат автоматски систем за наведување при полетувањето. Прелиминарните податоци од црната кутија на индонезискиот авион , што падна во октомври минатата година, покажуваат дека пилотот дури 21 пат се обидувал да го деактивира овој систем пред Боингот да се урне .

Прелиминарните анализи на етиопскиот Боинг покажуваат грешки во софтверот , што повторно упатува на овој нов систем. И од Боинг се свесни дека има грешки со новиот систем , така што најавија дека во идните модели ќе може само еднаш да се активира системот, а потоа пилотот по потреба да го исклучи, додека опашот на авионот нема да може да се поместува како кај сегашните авиони .

Од Боинг најавија и задолжителна обука на сите пилоти кои ќе летаат со МАХ8. Останува прашањето , до кога овој авион ќе остане приземјен и дали ќе полета некогаш без оглед на измените на системот MCAS.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер