Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа

Претседателот на Дражавната изборна комисија Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори, што се одржаа вчера.

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.

Макрон на Сорбона: Постои ризик Европа да умре

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека „постои ризик Европа да умре“ и дека безбедноста, економијата и културата се клучни прашања за ЕУ, за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.

Макрон истакнал дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Тој исто така истакна дека ЕУ мора „да воспостави дијалог со земјите од Третиот свет и да покаже дека не е вазал на Соединетите Американски Држави“.

Тој исто така посочи дека Европа мора да стане свесна за фактот дека не е доволно вооружена пред, како што рече, глобалните закани, како што е руската војна во Украина.

Макрон истакна дека моделот на економски раст на ЕУ мора да се промени бидејќи сегашниот не е одржлив и дека ЕУ заостанува во „глобален контекст во кој се доведуваат во прашање принципите на слободната трговија“.

Тој додаде дека Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“.

Макрон предупреди дека европската бирократија може да биде „премногу комплицирана“ и дека неодамнешните протести на европските земјоделци и нивниот „гнев не беше против ЕУ, туку против регулативата, сложеноста“.

Макрон посочи дека ЕУ мора да ја зајакне домашната воена индустрија, да формира европска воена академија за обука на европски војници, да ги зајакне своите капацитети за сајбер безбедност, но и да ја врати прекинатата врска со Велика Британија.

„Еден од проблемите што ги имаме ние Европејците е тоа што сме поделени кога станува збор за одбранбената индустрија. Нашата поделба е слабост што ја доживеавме на суров и конкретен начин за време на војната во Украина“, рече Макрон, додавајќи дека е невозможно да изгради „европски суверенитет и автономија“ без силна воена индустрија.

Францускиот претседател предупреди дека во Европа „нашите вредности и нашата култура се во опасност“, наведувајќи дека медиумските содржини што ги гледаат децата и адолесцентите во Европа се „се повеќе американски и азиски“, според Монд.

„Овие три забелешки за безбедноста, економијата и културата ме наведуваат да кажам дека прашањето за нашиот суверенитет денес е многу поважен отколку порано“, рече Макрон.

Тој рече дека сака ЕУ да биде „светски лидер до 2030 година“ во пет стратешки сектори: вештачка интелигенција, вселена, биотехнологија, квантни информации и капацитети за обновливи извори и нуклеарна енергија.

притисни ентер