За цензус потребни ќе бидат 40% или околу 720.000 гласа во вториот круг на изборите

Заврши увидот во Избирачкиот список за претстоијните претседателски избори. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

притисни ентер