-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката
До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.
Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.
Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.
Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.