Потребни состојки: 1кг. брашно, 500 гр. сирење, 4 лажички сол, 1 филџан масло, 4 јајца, 1 пакетче пециво и топла вода по потреба.
Постапка:
Во подлабок сад со брашно се додава: 1 лажичка сол, 1 филџан масло и вода по потреба и се замесува тесто.
Тестото треба добро да се измеси со раце.
Од тестото се формираат околу 12 топчиња и се редат во тепсија.
Секое топче се сука и се добива кора со средна големина.
Кората кратко се потпекува на плотна на шпорет.
Постапката се повторува и со останатите топчиња од тесто.
Во тепсија се става: 500 мл. топла вода, 2-3 лажики сол и 4 матени јајца.
Состојките дополнително се разматуваат и се додава 1 пакетче пециво.
Првата кора се потопува во течноста и се реди во друга тепсија премачкана со масло.
Врз неа се реди дробено сирење и се попрскува со масло.
Истата постапка се повторува и со останатите кори.
Откако ќе се стави последната кора со вилушка се бодат корите и се полеваат со течноста со јајца и вода.
Се пече во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.