Георгиевски: До ДКСК навремено ги доставив анкетниот лист и изјавата за интереси

Градоначалникот  на општина Гази Баба,Борче Георгиевски, ги демнатира наводите на  Државната комисија за спречување на корупцијата и тврди дека навреме го поднел анкетниот лист и изјавата за интереси.

Како градоначалник на општина Гази Баба, носител на јавна функција целосно ја поддржувам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и немам никаква намера да се мешам во нивната работа, ниту пак да влијаам на нивните одлуки.

Во интерес на јавноста сакам да известам дека со моето стапување на должноста градоначалник, согласно законскиот рок до антикорупциската комисија се навремено доставени и анкетниот лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит и истата е уредно пријавена и архивирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Денешната Изјава од страна на Претседателката на државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту Изјава за интереси ниту Анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата.

Токму од таа причина поради тоа што јавно на прес конференција беа соопштени информации кои не се вистинити, преку кои бев лично деградиран, а со тоа и општината и функцијата која ја извршувам, барам јавно извинување од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, се наведува во реакцијата на градоначалникот Борче Георгиевски.

Трамп: Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјално негов крај

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да не им се заканува на САД ако не сака да биде уништен .

„Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјален крај на Иран, никогаш не им се заканувајте на САД”, напиша Трамп на Твитер.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон ескалираа откако Иран откри дека нема да   исполни некои од своите обврски за нуклеарен договор со меѓународните медијатори. Претходно  Трамп го обвини Иран дека го прекршил договорот, а Соединетите Држави излегуваат од него, бидејќи прекршувањата го прават ирационално.

Техеран им даде на пет  земји од групата “5 + 1” 60 дена рок , за да ги заштитат нафтениот и банкарскиот сектор на Иран од санкциите наметнати од САД.

ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија ги отфрлија барањата, додека Трамп објави воведувањето нови санкции против иранската страна.

Соединетите Американски Држави го испратија носачот на авиони Абрахам Линколн и група на тактички бомбардери во Заливот.

Виенски економски форум – нови перспективи за Република Северна Македонија

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија".

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија,  ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. /МИА.

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил излета во Куба

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил Олдтајмер излета од познатиот булевар Малекон, во Хавана и влета во пешаци, соопштија кубанските власти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност.

Се наведува дека меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција Пренса Латина.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

притисни ентер