Шеснаесет од седумнаесетте обвинети во настаните од 27 април во Собранието денеска добија вкупно затворска казна од 211 години, додека ослободен од обвинение е Игор Дурловски.
Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски-Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов – 10 години, Мунир Пепиќ – 15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто – 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски-Кољо -15 години и Александар Василевски-Нинџа – осум години,
Осудени се за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста". Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во Парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.