Вуцис-Димитров: Договорот од Преспа го отвори патот за пријателство и соработка меѓу двете земји

Пред почетокот на состанокот во обраќање до медиумите, Вуцис и Димитров говореа за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. 

Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателство, сојузништво и сработка во сите области, пат по кој веќе чекорат двете соседни земји, е пораката што ја испратија Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред почетокот на состанокот во обраќање до медиумите, Вуцис и Димитров говореа за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. Претседателот на грчкиот Парламент рече дека договорот има историски карактер "не само затоа што дава можност да свртиме страница, туку е и меѓународен пример за решавање на проблемите", додека, пак, министерот за надворешни работи истакна дека "се наоѓеме на правилната страна од историјата".

-Ратификуваниот Договор од Преспа во содржината и духот ги има сите одредби за да го отвори патот по кој веќе чекориме за да постои пријателство, соработка, сојузништво и партнерство меѓу двете земји и меѓу грчкиот народ и народот од Северна Македонија, рече Вуцис.

Тој се задржа на парламентот како простор во кој се водеа дискусиите за ратификација на Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, место пред кое се одржаа протести, но и место каде што ќе се формираат комисии меѓу парламентите на двете земји.

-Грчкиот Парламент во исто време е и местото каде набрзо може да се направат чекори за формирање парламентарни комисии на пријателство меѓу пратениците од двата парламента, каде, исто така, може да се направат сите чекори што се однесуваат на напорите дали за финализирање на процесот на членство на вашата земја во НАТО, дали за чекорите во следните години што се однесуваат на интеграцијата на сите земји од Западен Балкан, но и на вашата земја во Европската унија. Тоа се вашни чекори, вие ќе с движите, но ние, колку што можеме ќе помогнеме, истакна претседателот на грчкиот Парламент.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека со Договорот од Преспа се отвори огромен потенцијал во односите меѓу двете земји и истакна дека е важно да се убеди секој граѓанин, и во Грција и во Северна Македонија, "дека ова беше правилната работа и дека сме природни сојузници".

-Ќе треба време, мудрост и лидерство, но мислам дека гледајќи назад на Договорот од Преспа, сите ќе бидеме горди, дури и противниците на договорот. И ќе ги убедиме сите политички партии и јавното мислење од двете страни и немам никакви сомнежи околу тоа, истакна министерот за надворешни работи, пренесе МИА.

Тој објасни дека промените се тешки по дефиниција, како што е тешка и борбата со табуата, со стереотипите, со предрасудите.

-Но, јас навистина се чувствувам дека сме на вистинската страна од историјата. Мислам дека создадовме дел од Европа, во нашиот дел од Европа, кога Европа се бори за пријателство, за надеж, за оптимизам, против стереотипите, против старите трендови, рече Димитров и додаде дека сите се горди на историјата во регионот, "но немаме доволно иднина".

Министерот за надворешни работи и неговиот домаќин, претседателот на грчкиот Парламент, се осврнаа и на претстојната посета на Алексис Ципрас на Скопје.

-Веќе работиме на посетата на премиерот Алексис Ципрас. Тоа, исто така, ќе биде историски чекор, рече Димитров.

-Сигурен сум дека по контактите и посетата на премиерот и на големата делегација од грчка страна во следниот период, на која работат двете страни, ќе се забрзаат сите аспекти на соработката. Во економската, трговската, туристичката област и поврзувањето, истакна Вуцис, пренесе МИА.

На почетокот од изјавите, пред средбата, Вуцис и Димитров изразија сочувство за масакрот во Нов Зеланд.

Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати (ВИДЕО)

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и другите нуклеарни сили.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена, пишува „Експрес“.

„Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој.

Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата пренесена од руските државни новински агенции, рече: „Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за сето тоа е виновен режимот во Киев“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм: „Американската воена помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза“.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната.

На Телеграм исто така порача. „Не можам со сета искреност да посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро.“

Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише и да стане закон.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

притисни ентер