Ќерката на Трамп дошла во Белград поради лекување?

Ќерката на претседателот на САД Тифани Трамп имала закажано преглед кај докторот по интегративна медицина Момир Дуњиќ, со кој разговарале за својата здравствена состојба и добила совети како да го подобри, пренесува српски „Блиц“.

Откако Тифани на приватниот лет во петокот вечерта слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, сите се прашуваа која е причината за нејзината посета на Србија.

Како што пренесува српски „Блиц“, ќерката на Трамп во Белград дошла, меѓу останатото, за да се види и со лекари кои се занимаваат со интегративна медицина.

Овој вид на лекување, кој е се уште во развој, претставува најдобар спој од научната медицина и клинички докажаните методи на комплементарни и традиционални гранки на медицината.

На Тифани и е направен детален преглед и дадени и се совети како да го подобри начинот на живот низ исхрана и физичка активност.

Бидејќи податоците за пациентите се строго доверливи, а тука станува збор за ќерката на претседателот на САД, никој не знае дали Тифани има одредени здравствени проблеми или отишла превентивно.

„Не знам кој ви го рекол тоа. Не би сакал да зборувам на оваа тема“ – кратко одговорил Момир Дуњиќ, кој не демантирал дека Тифани Трамп била негов пациент.

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер