НУ „Стоби", десет години од откривањето, бара да се реставрира северозападниот бедем околу локалитетот

 Како еден од четирите капитални проекти според Проектот за конзервација и реставрација е реставрацијата на северозападниот бедем на локалитетот „Стоби" и ќе изнесува околу милион  евра.

Директорот на НУ „Стоби" Спасе Перовски изјави дека неговата реализација ќе овозможи заштита на споменик на културата од римскиот и доцноантичкиот период и нова содржина за презентација која ја подобрува визурата и ја зголемува импресивноста на локалитетот.

Перовски рече дека со реализацијата на проектот ќе се постигнат споменатите цели кои директно ќе влијаат на зголемувањето на бројот на посетители.

– Северозападниот бедем на „Стоби" е долг околу 324 метри, широк е од 2,4 метри до пет метри на местата каде што е удвоен. Сочуван е во височина од три-четири метри и има пет кули. Бедемот е првото нешто кое го забележува секое лице кое се движи по автопатот, локалниот пат или железничката пруга. Со реализацијата на проектот ќе се постигнат споменатите цели кои пак директно ќе влијаат на зголемување на бројот на посетители, појаснува Перовски.

Тој потенцира дека тие како институција, од 2010 година од кога е откриен бедемот, тие речиси секоја година бараат од надлежното Министерството за култура за негова реставрација како еден од четирите капитални проекти за реставрација, но средства за негова реализација досега немаат добиено.

-Ние од Министерството за култура со години бараме средства за неколку покрупни проекти како одбранбените ѕидини, театарот и Епископската базилика. Но, нивната реализација го надминува севкупниот годишен буџет на Министерството за целата заштита на културното наследство на ниво на државата. Поради тоа, овие проекти се реализираат парцијално со одредени суми кои се доделуваат секоја година. Финансирањето на реставрацијата на одбранбениот ѕид досега не е влезено во годишната програма на Министерството и воопшто не е почнат процес на негова реставрација од 2010 година кога бедемот е откриен па се до денес, појаснува Перовски.

Тој информира дека НУ „Стоби" како посебен правен ентитет што се грижи исклучиво за Стоби има обврска да обезбеди и дополнителни средства за реализација на проекти надвор од годишната програма на Министерството за култура

– Поради тоа ние аплицираме редовно и на сите конкурси од разни донатори, а кои нудат потенцијални средства,така неодамна конкуриравме и за добивање средства за реализација на овој проект преку Швајцарската агенција за развој и поддршка. Но, на Регионалните форуми во Велес при гласањето на присутните претставници од локалната власт и невладиниот сектор, од девет општини од Вардарскиот регион, овој проект за ѕидините на „Стоби", за жал беше рангиран на четврто место.Со тоа не влезе во трите приоритетни, а од кои еден ќе се финансира, нагласиПеровски.

Тој потенцира дека имајќи го предвид огромното значење на „Стоби" како културно богатство и неговиот исклучителен капацитет за културен туризам и промоција на регионот, покрај државата потребно е локалните власти од околните општини да обезбедат поголема поддршка за развој на Стоби.

-Подршката на проектите за реставрација на „Стоби", ќе има директно влијае врз социо-економскиот развиток на регионот преку привлекување на поголем број туристи и вработување на локалното население во презентацијата, потенцира Перовски.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер