Обновена соработката во одбраната со Грција

 Делегација од Министерството за одбрана на Грција предводена од комодор Мајкл Наум во Скопје одржа штабни разговори со експертски тим од Mинистерството за одбрана, предводен од полковник Зоран Секуловски. 

Притоа, се разговараше за продлабочување на соработката во одбраната меѓу двете земји, која, како што било оценето, изминатите четири години била на скромно ниво.

Унапредувањето на соработката, како што соопшти Министерството за одбрана, било иницирано од министрите за одбрана на двете земји, Шекеринска и Апостолакис, на средбата минатиот месец во Брисел.

Тимот од Грција денеска беше примен на средба кај вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која изразила задоволство од подготвеноста на одбраната на двете земји, да покаже на дело дека Договорот од Преспа ги отвора можностите за соработка, во интерес на граѓаните.

– Одлука на двете влади е да ја засилиме соработката, да ги промениме односите меѓу двете земји и да им додадеме содржина и пријателство. Отворената и динамична дискусија за продлабочување на соработката на двете делегации покажува дека Армиите се први кои одговорија на политичкиот повик да ги отворат можностите за соработка во интерес на граѓаните од двете држави – соседи. Каналот на соработка е отворен, мораме да го надоместиме изгубеното време, потенцирала на средбата  министерката Шекеринска.

Комодор Мајкл Наум, во име на грчката делегација, истакнал дека штабните разговори не се бирократски, туку суштински процес на унапредување на соработката во одбраната. Тој рекол и дека грчката Армија е подготвена да ги реализира плановите за продлабочена соработка со Армијата на Република Северна Македонија, по насока на министерот Апостолакис, а во интерес на двете соседни земји. Потенцирал и дека потенцијалот за соработка е огромен.

-Штабните разговори на експертските тимови се првиот чекор во интензивирањето на соработката во одбраната со Грција. Засилената соработка беше иницирана минатиот месец, од министрите за одбрана на двете земји, Шекеринска и Аполстолакис, кои се сретнаа во Брисел на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет, велат од Министерството за одбрана.

Од Министерството додаваат дека двајцата министри се согласиле дека соработката ќе биде интензивирана на билатерален, регионален план и во рамките на НАТО. По таа средба, министерката упатила покана до својот грчки колега Апостолакис која се очекува набрзо да се реализира. Тоа ќе биде прва официјална средба при официјална посета, на министри за одбрана на двете земји, по 16 години. 

Тамара по враќањето : Се чувствувам како победник

Тамара Тодевска и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но срќна сум што ве направив горди.” , рече Тамара од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожуватели кои неколку часа чекаа да пристигне .

Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

притисни ентер