Поранешниот пратеник од западен Тексас , со три мандати , О`Рурк (46) , кандидатурата ја објави преку видео , по што заминува во Ајова , каде ќе се одржат првите предизбори во февруари 2020.
О`Рурк се надева дека успешно ќе му се спротистави на републиканецот Тед Круз , користејќи ја славата од ланските избори. За помалку од три процентни поени изгуби од Круз на ланските избори , што во последните четири децении е најмала разлика постигната во Тексас , каде секогаш убедливо победуваат републиканците.
Иако не победи , тој по изборите излезе како победник и едно од највпечатливите лица на демократите.
Колкава е популарноста на О`Рурк покажува и експресната реакција на американскиот претседател Доналд Трамп , кој се потсмеваше денеска на видеото на кандидатот со зборовите дека одамна не видел некој толку да мафта со рацете. Претходно , Трамп немаше толку долги изјави и анализи за ниеден од новите лица на демократите за кандидати за претседатели.