Се урна мост во Индија – петмина загинати, десетици повредени

Пет лица загинаа , а 36 се повредени кога се урна дел од пешачки мост за време на вечерниот метеж во индискиот град Мумбаи.

Три од загинатите се жени , соопшти полицијата , додека повредените се пренесени во болница. Мостот води кон најголемата железничка станица во Мумбаи , преку кој дневно минуваат десетици илјади луѓе.

Не се познати причините за падот на пешачкиот мост , а во тек е акцијата на пребарување на урнатините.

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил излета во Куба

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени кога автомобил Олдтајмер излета од познатиот булевар Малекон, во Хавана и влета во пешаци, соопштија кубанските власти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца од повредените се странци, но не е објавено од која националност.

Се наведува дека меѓу загинатите е и новинарот Улисес Каналес од кубанската агенција Пренса Латина.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

Заев на средба со Хајнц Фишер

„Европа треба да ја награди Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици“, порачал премиерот Заев на средбата со поранешниот австриски претседател Хајбц Фишер во Виена.

На  средбата, Заев го информирал. Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.  

Истовремено, на средбата била потврдена поддршката којашто република австрија во континуитет и ја дава на Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската унија,,

„Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја“, истакнал Заев на средбата со  Хајнц Фишер.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи

Република Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи.

Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за кое што е платен.

Додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.

Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата.

Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6% од годишно предвидените капитални инвестиции.

Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен.

Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе го измете него и целата негова влада. /МИА.

притисни ентер