Костовски и Лазаревски од УБК успеале да изнесат само 5% од „бомбите“

Само 5 отсто од прислушуваните таргети во УБК успеале да изнесат свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски. 

Така денеска на судењето за случајот Тврдина – Таргет кој се однесува на масовното прислушување сведочеше Костовски. Меѓу разговорите кои ги експортирале, рече тој, некои се дуплирале во случаи кога ги копирале разговорите на два таргета, давајќи пример за разговорите помеѓу ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Јас и мојот колега Ѓорѓи Лазаревски бевме тие кои се договоривме да ги снимаме и да ги предадеме на професорот Верушевски. Како количина или број на разговори не би можел да дадам проценка. Но, како проценти од вкупниот број на нелегални таргети стануваше збор за мал дел, нешто можеби под 5 отсто од нелегално прислушуваните таргети, мислам од вкупно нелегално прислушуваните таргети.

Со неговото сведочење се отвара дилемата, каде завршиле материјалите од другите прислушувани таргети. Поранешниот министер за внатрешни Павле Трајанов, вели дека постои можност тие разговори во иднина да бидат злоупотребени. Се сомнева дека завршиле кај оние кои тогаш имале пристап до УБК.

Костовски појаснуваше и технички податоци, односно кој од броевите на соговорниците бил таргетот, во колку часот бил разговоро. Тој истакна и дека Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За. Тој откри и дека нелегално се прислушувало и се правеле транскрипти и од компјутер кој бил надвор од УБК. Поточно, по барање на Горан Грујевски, како што рече, еден компјутер бил сместен и во стан во зграда кај Железничка.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер