Вработена во Гугл постави неверојатен математички рекорд- потребни се над 300 000 години да се прочита бројот

Ема Харука Ивао , вработена во компанијата Гугл постави нов рекорд и пресмета 31 билион децимали од бројот Пи.

Досегашниот рекорд беше 22 билиони децимали . Пи , како што е познато , е бројот со кој се изразува односот меѓу обемот и дијаметарот на кругот и изнесува 3,14 , но зад него има бесконечно голем број децимали. Јапонката успеа да го пресмета бројот со 31 билион децимали , благодарејќи на услугата на Гогл , Клауд.

Потрагата по што поголем број децимали од Пи е предизвик за многу математичари.

Ивао вели дека пресметката и потрошила 170 Терабајти податоци и дека и биле потребни 121 ден за да го довршат 25 – те виртуелни компјутери.

За да се прочита овој број се потребни 332 064 години. 

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер