УЕФА ја менува ждрепката за ¼ финалето во Лигата на шампионите поради клубовите од Манчестер

Европската фудбалска унија (УЕФА)   денеска соопшти дека ќе направи измени во утрешната ждрепка за четврфиналните двојки во Лигата на шампионите поради двата клуба од Манчестер.

УЕФА, од безбедносни причини нема да дозволи Јунајтед и Сити во иста недела да играат на домашен терен во четврфиналето .

Градските власти на Манчестер не сакаат нивните клубови да играат натпревари на домашен терен во исто време или ден за ден.

Според правилата на УЕФА, ако биде потребно датумот на одигрување на натпреварот на Јунајтед на Олд Трафорд ќе биде променет, поради тоа што Јунајтед минатата година беше пласиран зад шампионот Сити во Премиерлигата.

УЕФА воедно наведе дека истото правило ќе го примени ако клубовите од Манчестер минат во полуфиналето.

Ждрепката за четврфиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи утре точно напладне во Нион.

Ждрепката ќе биде отворена, нема носители, ниту посебни исклучоци, што значи дека дури може да се спојат Јунајтед и Сити во меѓусебен двомеч.

Првите четврфинални средби се играат на 9 и 10 април, а реваншите се седум дена подоцна.

Осумте четврфиналисти покрај клубовите на Манчестер Сити и Јунајтед уште и Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Порто, Ајакс и Јувентус.

Три години градба на стадионот на Тотенхем собрани во две минути (ВИДЕО)

Изградбата на големиот стадион на фудбалскиот клуб Тотенхем почна во 2016 и чини милијарда фунти.

За да го прослават завршетокот на градбата на стадионот White Hart Lane, Спурси објавија забрзано видео од поставувањето на темелите до денеска. На снимката се гледа уривањето на стариот стадион и целиот процес на изградба на новиот. Во исто време на градбата работеа и по 1 000 работници по 24 часа на ден.

Отворањето на стадионот е закажано за во недела о тоа прво ќе го испроба подмладокот во натпревар со Саутемтон , а следната сабота ќе се одигра натпреварот на Спурси со Интер од Милано. Стадионот има капацитет од 62 000 гледачи.

Видео: Балканско НБА дерби, Богдановиќ заби преку Дончиќ

Кошаркарот на Сакраменто, Србинот Богдан Богдановиќ немаше милост кон својот млад пријател од екипата на Далас, Словенецот Лука Дончиќ.

Бекот на Кингси Богдановиќ со левата рака го заби баскетот во обрачот покрај Дончиќ кој се обиде да го блокира неговиот влез.

Овој потег предизвика насмевки на лицата кај двајцата добри пријатели.

Инаку во балканското НБА дерби Богдановиќ оствари 7 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Дончиќ заврши со 13 поени и 10 скока.

Македонската фудбалска репрезентација со триумф над Летонија ги отвори квалификациите за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација со сигурна победа над Летонија од 3-1 на Арената Филип Втори ги започна натпреварите во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020.

Црвено жолтите со победата над Летонија од 3-1 со двата гола на Елмас во 30 и 90 минута  и погодокот на Алиоски во 12 минута  ги оправдаа очекувањата и потврдија дека во новиот циклус квалификации влегуваат со амбиции за висок пласман во конкуренција на фаворитите Австрија и Полска и селекциите на Словенија , Израел и синоќашниот противник Летонија.

Вчерашниот стартен меч во квалификациите за ЕП во 2020 беше јубилејниот 100-ти натпревар на капитенот Горан Пандев во дресот на најдобрата селекција на Македонија.

Избраниците на Игор Ангеловски немаат многу време за славење бидејќи веќе во недела  ги очекува нов квалификациски предизвик  гостување кај незгодата Словенија.

На пресконференцијата по средбата со Летонија, селекторот Ангеловски задоволен од резулатот истакна: 

„Среќни сме што победивме, на убав начин му го честитавме јубилејот на Горан Пандев. Токму фудбалерите му честитаа на најдобар можен начин. Елиф Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Тоа што го најавивме и го остваривме, освоивме три бода. Мислам дека е сосема заслужено. Моравме и порано да го решиме натпреварот, но на крајот се добро се заврши. Нема еуфорија, одиме понатаму, не очекува нов меч, против Словенија во Љубљана. Ги повикувам сите наши иселеници да дојдат и да не бодрат, а ние ќе возвратиме со беспоштедна борба“, порача селекторот Ангеловски.

притисни ентер