Во Македонија за прв пат родено ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка

Храбра и одлучна 30 годишна ХИВ позитивна жена од Скопје решила да остане трудна и да роди свое дете.

Таа пред 4 месеци го донела своето дете на свет кое е ХИВ негативно.

Др. Милена Стевановиќ ексклузивно за Канал 5  раскажа како ХИВ позитивна жена може да роди ХИВ негативно дете, а и сопругот да остане ХИВ негативен. 

„Мајката редовно доаѓаше на контроли уште пред да остане бремена, со редвно лекување вирусот се ослабува и не може да се пренесе“, вели директорката на Инфективна клиника. вистинска љубов помеѓу двајца, но и големи емоции и среќа за персоналот на клиниката за гинекологија  и клиниката за инфективни болести.

Освен медицински напредок кај докторите оваа приказна е доказ за еднаВо моментов на 400-тина луѓе ХИВ позитивни на клиниката за инфективни болести примаат терапија.

„Клиниката за гинекологија на чело со директорката Јовановска, докторот кој ја водеше бременоста Тофоски, докторот кој ја породи Кочоски и целиот тим со сестри беше професионален. Навистина сме горди и среќни и двете клиники“, вели Стевановиќ. 

За Стевановиќ секогаш е најважна превентивата, редовните контроли и навременето лекување.

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер