За својот 110 роденден Бугати лансираше електричен автомобил за деца!!

Славниот производител на автомобили Бугати во чест на својот 110 роденден направи автомобил на електричен погон наменет за деца.

Станува збор за Бугати Тупе 35 , славниот тркачки автомобил, кој сега го добил името Бугати бејби 2.

Новиот Бугати бејби 2 има електричен погон и модови за возење на деца и возрасни,неговата цена изнесува 30 000 евра. Според плановите на Бугати ќе бидат произведени само 500 вакви примероци.

Бугати со овој модел му оддава почест на својот класичен тркачки автомобил Тупе 35 , а овој модел наменет за деца има сличен дизајн на каросеријата, а неговата големина изнесува три четвртини од оригиналот.

Бугати бејби има електричен мотор кој го напојува литиум јонска батерија. Автомобилот има два мода на напојување, детски мод кој ја ограничува брзината ан 20 километри на час, и мод за возрасни кој овозможува брзина до 45 километри на час.

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер