Србија воведува доживотна казна затвор

Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години, изјави за „Политика“ професорот Станко Бејатовиќ.

„Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард“, додаде професорот Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривичнопоправна теорија и пракса и член на работната група за измени на Кривичниот закон.

Секој осуденик на доживотен затвор ќе може после 25 години поминати зад решетки да напише молба, а судот ќе одлучи дали ќе биде и пуштен на слобода под услов да не го повтори кривичното дело.

Воведувањето доживотен затвор е резултат на потребата од построга казна кога станува збор за извршители на најтешки кривични дела, меѓу кои и убиства на деца.

Собранието ги донесе реформските закони од сферата на безбедноста

Со консензус и поддршка од власта и опозицијата Собранието ги донесе клучните реформските закони во безбедносната сфера. 

На местото на  досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање ја ќе се формира  агенција за национална безбедност која нема да биде во составот на МВР.

И покрај согласноста дека  тајната полиција во изминатиот период била јадрото ан сите проблеми и политички кризи,  клучната дилема за дел од пратениците е  дали станува збор сепак за суштинска реформа, забелешки за трансферот на дел од вработените на УБК како и учеството на пратеници во селекцијата на вработените

Министерот Спасовски потенцираше дека е особено горд што за прв пат се дава шанса за сериозен надзор над службите и дека со законот се дава силна можност да се штитат правата и слободите на граѓаните.

Со двотретинско мнозинство беше донесен и законот за координација на безбедносно разузнавачката агенција ,,со пакетот закони од безбедносната сфера се очекува да се стави крај на концентрацијата на моќ на тајната полиција и да се создаде ефикасна и департизирана служба во интерес на државата и граѓаните.

Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја одразуваат фактичката состојба

Забелешките што се наведени во извештајот на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на охридскиот регион, оценуваат од општина Охрид.

Во соопштението велат дека состојбата е детектирана уште во мониторинг мисијата на УНЕСКО во април 2017 година.

-Општина Охрид, во текот на изминатите две години ги зеде во предвид сите препораки во однос на ова прашање и во рамки на своите законски надлежности сериозно се посвети на исполнување на барањата на УНЕСКО.

Во тек е постапката за донесување на планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион, а во понеделник на 27-ми мај ќе се одржи информативна сесија за нацрт-извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на овој план. Исто така во владина процедура е и носење на нов закон за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион –велат од општината.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во официјална посета на Грција

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ја почна дводневната посета на Грција, при што попладнево во Атина ќе се сретне со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос.

– Посетата означува вртење нова страница помеѓу Вартоломеј и атинскиот архиепископ, Јеронимос, бидејќи нивните односи во изминатиот период беа заладени, пишува „Катимерини”.

Патријархот Вартоломеј утре ќе замине за областа Дилеси, каде што во присуство на архиепископот Јеронимос и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос грчкиот претседател, свечено ќе биде отворен Центарот за геронтологија, грижа и поддршка „Свети Порфири” на атинската архиепископија, што е изграден на црковен имот на површина од 27 хектари со капацитет од 64 места.

притисни ентер