САД во август ќе тестира крстосувачки ракети забранети пред 30 години

САД планираат во август да го извршат првото тестирање на тип крстосувачки ракети, кои пред 30 години биле забранети со договорот за денуклеаризација на проектили  со среден дострел.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец го суспендира своето членство во договорот, што од правен аспект дава простор да се почне со планирање за тестирање „нуклеарни ракети” во август.

По одлуката на САД, и рускиот претседател Владимир Путин го суспендираше учеството на Москва во договорот потпишан 1987 година за нуклеарни глави  со среден дострел.

Еко-акција за чистење на парк шумата Гази Баба

Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило", со поддршка на „Акцијаши" – Скопје, денеска беа исчистени  пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази

Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.

– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. 

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин.

Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата за спречување на тепачката која избила во четвртокот вечерта на плоштадот Александерплац во германскиот главен град.

Полицијата соопшти дека уапсени се девет лица, а се претпоставува дека тепачката била организирана, со оглед дека се собрале повеќе од 400 луѓе, откако двајца главни поттикнувачи на инцидентот, ги повикале своите обожаватели да им се придружат на соочувањето.

Тензиите ескалирале, по што избила голема гужва меѓу 50-на луѓе.

 

Во Струмица продолжи акцијата за чистење диви депонии

Продолжува акциjата за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни активности на ЈПКД „Комуналец" во соработка со општината и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. 

Денес се чистеа диви депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.

Раководителот на секторот „Комунална хигиена" при ЈПКД „Комуналц",Бранко Горѓиев, информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии биле подигнати 1.370 метри кубни отпад, а исчистени се депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.

-Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, рече Горѓиев,

Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец", Зоран Горгиев и денеска повторно упатија апел до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас./МИА

притисни ентер