Трамп ги отфрли теориите за ,,лажна Меланија”

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска остро ги демантира наводите дека на некои службени патувања ја заменува неговата сопруга , Меланија со двојничка.

Станува збор за стара теорија , која беше актуелизирана во петокот кога Доналд Трамп со сопругата ја посетија државата Алабама , погодена од смртоносни торнада.

,,Лажните вести ја фотошопираа фотографијата на Меланија и објавија дека тоа не е мојата сопруга во Алабама и на други места, туку нејзина двојничка.” ,напиша Трамп на Твитер. 

Не наведе кого става во категорија за ширење лажни вести , но само додаде дека ,,сите се сосема луди”

Во понеделникотпортпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам демантираше дека Меланија има двојничка и дека такви информации се шират среде трагедијата во Алабама.

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година.

Во извештајот на Центарот за граѓански комуникации стои дека зачестено се спроведуваат големи тендери што не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

-Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32 отсто од мониторираните тендери е добиена само една понуда. Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година, стои во извештајот.

Во него се наведува дека продолжува да расте бројот на тендери што се поништени, така што во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27 отсто од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од три процентни поени во однос на претходната година.

Од Центарот во извештајот стои дека спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики.

Фирмите во 2018 година доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37 отсто.

Најновата анкета, пак, меѓу фирмите покажува дека најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е "најниската цена" како единствен критериум

Ззадоцнетото плаќање, како што стои,  падна од втор најчест проблем лани, на осмото место годинава, иако сè уште просечно се чека по 6 месеци и 12 дена за наплата на побарувањата за завршените набавки.

Четириесет и осум отсто од фирмите сметаат дека "секогаш" или "често" има корупција во јавните набавки.

Просечната оценка на фирмите за процесот на јавни набавки во земјава изнесува 2,87, што, според извештајот, е незначителен пораст во однос на лани кога оценката била 2,85.

Мониторингот на јавните набавки се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста./МИА.

Арсовски: Царовска да не молчи за скандалот со тендерите на нејзиниот маж

Мила Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг.

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8 мај од Град Скопје и Петре Шилегов добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување на опрема за висинско набљудување.

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска освен тендерите за летање дронови доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари.

Георгиевски Горан кој е сопственик на фирмата ФЛАЈ КЕМ стана редовен добитник на тендерите и набавките од институциите додека неговата невенчана сопруга е министерка.

Дали Мила Царовска молчи за овој скандал каде што добивале тендери со нејзиниот маж затоа што можеби следи нов скандал за набавка за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во скопската котлина?

Овој тендер е актуелен и тежи околу 5 милиони денари.

Дали можеби и овој тендер од над 80.000 евра ќе припадне токму во семејството на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?

Останува да видиме како ќе се развиваат настаните и дали можеби и понатака ќе продолжи единствената фирма која лета дронови во државава да биде токму фирмата на невенчаниот сопруг на Мила Царовска, Горан Георгиевски односно ФЛАЈ КЕМ.

Се покажа дека СДСМ, Заев и неговите функционери немаат намера да се променат. Тие и понатака остануваат да бидат владетели на народните пари и да си ги делат прите на граѓаните помеѓу себе.

Веќе не помага ниту метла, ниту пак кадровски решенија како што би рекол Зоран Заев.

За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани, додека пак Мила Царовска да не молчи, да не се затскрива зад паушални проекти кои ги објавува деновите и да излезе да го даде својот коментар за овој скандал и да сносни одговорност.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе реформските закони од сферата на безбедноста

Со консензус и поддршка од власта и опозицијата Собранието ги донесе клучните реформските закони во безбедносната сфера. 

На местото на  досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање ја ќе се формира  агенција за национална безбедност која нема да биде во составот на МВР.

И покрај согласноста дека  тајната полиција во изминатиот период била јадрото ан сите проблеми и политички кризи,  клучната дилема за дел од пратениците е  дали станува збор сепак за суштинска реформа, забелешки за трансферот на дел од вработените на УБК како и учеството на пратеници во селекцијата на вработените

Министерот Спасовски потенцираше дека е особено горд што за прв пат се дава шанса за сериозен надзор над службите и дека со законот се дава силна можност да се штитат правата и слободите на граѓаните.

Со двотретинско мнозинство беше донесен и законот за координација на безбедносно разузнавачката агенција ,,со пакетот закони од безбедносната сфера се очекува да се стави крај на концентрацијата на моќ на тајната полиција и да се создаде ефикасна и департизирана служба во интерес на државата и граѓаните.

притисни ентер