СКОПСКО – 95 години креатор на домашната пивска култура

Значаен јубилеј на водечкото пиво на пазарот

Пивара Скопје лансираше нова комуникациска платформа со која започнува одбележувањето на 95- годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио. Со неа, СКОПСКО потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година - да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

„СКОПСКО поседува особина да им помага на луѓето полесно да ги надминат разликите, да го пронајдат она што ги спојува и да креираат заеднички моменти на среќа и радост. Сметавме дека 95-годишнината е одлична можност одново да го истакнеме ваквиот уникатен карактер на СКОПСКО и неговата моќ да го поттикне заеднитвото и да ги потсети луѓето на најдоброто што го нуди животот“, објаснува Надица Николоска, бренд-менаџерка во Пивара Скопје.

Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за СКОПСКО како социјално врзивно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео спотот го илустрира СКОПСКО како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот. Спотот се снимаше на локации во Скопје и Битола и е во домашна продукција.

„Да се создаде и развие идентитет на производ како СКОПСКО и тој да израсне до ниво на бренд-икона неопходни се обемни и континуирани вложувања во најсовремена технологија, како и големо знаење, вештини, креативност и многу љубов на генерации луѓе во Пивара Скопје кои со децении посветено работат да го одржат високиот и постојан квалитет, уникатен вкус, изглед и свежина на СКОПСКО. Истовремено, одржувањето на лидерската позиција, покрај почитување на трацицијата, се темели и на постојани иновации во согласност со глобалните трендови и вкусовите на потрошувачите. На овој начин СКОПСКО успева да ја одржи високата доверба што ја има кај потрошувачите и во заедницата“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

СКОПСКО е без сомнение еден од најсилните македонски брендови. Преку континуираните вложувања и новините што ги воведе на пазарот во изминатите 95 години, СКОПСКО значајно придонесе за развојот на пивската култура и на домашната пивска индустрија во целина. Во изминатите неколку години, предводничката улога на СКОПСКО на домашниот пазар беше потврдена со појавувањето на неколку бренд-екстензии, како што се: СКОПСКО Радлер, СКОПКО Цреша, СКОПСКО Темно, СKОПСКО Smooth и СКОПСКО Нефилтрирано. Дополнително, за високата репутација што ја има СКОПСКО придонесува и поддршката што брендот со децении ја обезбедува за развојот на спотот, културата, уметноста и останатите значајни општествени сегменти.

Видео спотот за СКОПСКО 95 години е достапен на следниот линк.

Перете ги слободно новите банкноти од 100 и 200 евра

Нови банкноти од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од 28 мај.

 Европската централна банка со нив завршува серијата наречена Европа. Овие банкноти имаат подобрени безбедносни карактеристики и се издржливи  на секакви непогодни ситуации.

ПК Љуботен: Голема количина снег долж патеката за искачување на Титов врв

Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. 

 Планинарскиот клуб Љуботен на одржаната прес-конференција во пресрет на 38-то традиционално искачувањето на Титов врв овој викенд со напомена до учесниците да бидат внимателни на при движењето поради многу снег на Шар Планина. Во недела искачувањето е предвидено е да започне во 6:30 часот од Попова Шапка по „Вакуфска патека", но, поради временските прилики можни се измени, велат од клубот.

-Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. Во зависност од метеролошките услови, пред се, поради нивната безбедност клубот има право да ја промени патеката на движење за која сите благовремено ќе бидат известени. До недела наши членови ќе бидат и на терен и ќе ја следат состојбата-истакна Јован Божиновски, претседател на клубот.

Годинава настанот е дел од кампањата „ЕУ за тебе" помогната од канцеларијата на ЕУ во Скопје. -Во сабота од 12 часот ќе има акција за чистење во близина на хотелот Попова Шапка во рамки на кампањата # TrashTagChallenge, потоа следува дебата на тема „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите„ како и изложба насловена „Попова Шапка низ времето" со проспекти за скицентарот од 1938 до 2018 година, рече Славко Костовски, член на клубот.

Годинешното искачување се посветува на професорот Љупчо Меловски, познавач на Шар Планина заштитник на природата и поддржувач на клубот, кој почина годинава на 60-годишна возраст. Во сите досегашни 37 искачувања на Титов врв на 2747 метри надморска височина се искачиле 24.607 луѓе, бележат во клубот. Патеката се оценува како средно тешка, со вкупна должина од 14 километри и висинска разлика од 1.047 метри и за еден правец е потребно колу 4 часа.

Нова драма во семејството Касиљас!!

По срцевиот удар на легендарниот шпански голман  Икер Касиљас сега сериозен здравствен проблем дијагоностициран икај неговата убава сопруга Сара Карабонеро.

Убавата ТВ водителка  и сопруга на славниот голман открила дека и дијагностициран тумор на јајниците!!

35 годишната Сара која се уште не се опоравила од срцевиот удар на сопругот Икер , сега мора да се соочи со тешката болест, ракот на јајниците.

-Се уште не сме опоравени од првиот шок, а живото повторно не изненади. Сега се работи за мене , станува збор за оној збор кој тешко ми е да го напишам.Пред неколку дена при преглед лекарите ми открија малиген тумор на јајниците. Се е во ред го пронајдовме на време, но следуваат неколку месеци борба во текот на лекувањето. Самоуверена сум и смирена, верувам дека се ќе биде во ред. Патот е тежок но ќе имаме убав крај.Имам поддршка од семејството пријателите и врвниот тим на лекари, напиша Сара.

Икер и Сара се во брак од 2016 година.

притисни ентер