ПИЈАН КРАП

Рецепт на: Светлана Јакимовска

Потребни состојки: 1 свеж крап, 5 компири, 200 мл. сок од портокал, 250 мл. бело вино, 3 лимони, 2 портокала, 50 гр.путер, 100 гр. кашкавал, 4 чешни лук, малку малиново масло, малку сончогледово масло, малку магдонос, 200 гр. ориз, малку марула, 2-3 лажички сол и малку зачин од сув зеленчук.

Постапка:

2 компира се сечат на поголеми парчиња и се редат во тепсијата.

Врз компирот се става исчистен свеж крап и се посолува.

Крапот се попрскува со маслиново масло и се засекува по целото тело.

Врз горниот дел од крапот се ставаат парчиња портокал а во засеците парчиња лимон и се полева со сок од портокал.

Во внатрешноста на крапот се става неколку чешни лук и малку магдонос и се полева со бело вино.

Крапот се пече во загреана рерна околу 70-90 минути.

Додека се пече крапот се подготвува прилогот.

Три компири се чистат и се засекуваат до пола по целата должина.

Се редат во тепсија и се зачинуваат со зачин од сув зеленчук.

Во засеците се ставаат ленти од путер.

Компирите се полеваат со маслиново масло, врз нив се реди сечкан кашкавал и се печат во загреана рерна.

Откако ќе се испече крапот се декорира со: печен компир, варен ориз, лимон, портокал и марула.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

притисни ентер