Потребни состојки: 1кг. брашнo, 500 гр.сирење, половина пакетче квасец, 3 јајца, ½ филџан масло, малку сол, малку сусам, малку шеќер и малку млака вода.
Постапка:
Во подлабок сад со брашно се додава: половина пакетче квасец, 3 јајца, ½ филџан масло, малку сол, малку шеќер и малку млака вода.
Се замесува тесто со раце.
Откако тестото добро ќе се измеси се дели на 8-9 топчиња.
Секое топче се расукува и се премачкува со масло,
Потоа се расукува во кора се средна големина.
Одозгора се става дробено сирење и малку масло.
Кората со сирењето се превиткува 2 пати и се попрскува со масло.
Потоа се превиткува уште два пати и се попрскува со масло.
На крај се превиткува уште два пати од краевите.
Истата постапка се повторува и со останатите топчиња од тесто.
Потоа се редат во тепсија и се посипуваат со сусам
Се печат во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.