Квалификациите беа долги, за многу селекции и комплицирани , но на крајот тие завршија.
ФИБА квалификациите за пласман на Мундобаскетот завршија утринава , кога последните две карти за Кина ги резервираа репрезентациите на Доминиканската Република, Порторико.
На светскиот шампионат во Кина ќе играат 32 селекции.
Од Европа: Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Србија, Шпанија, Русија, Полска, Турција и Црна Гора.
Америка: Аргентина, Бразил, Канада, Порторико, САД, Венецуела и Доминиканска Р.
Африка: Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Сенегал и Тунис.
Азија и Океанија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Нов Зеланд, Филипини, Австралија, Јужна Кореја и домаќинот Кина.
Ждрепката за составите на групите во првата рунда на Мундобаскетот е закажана за 16 март во кинескиот град Шенжен.
Светското првенство ќе се одржи од 31 август до 15 септември во Кина.