Видео: Нов видео спот и песна за монашкото секојдневие во Бигорскиот манастир

„Среде пустинската убост" е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие, која што деновиве доби и свој видео запис.

Спотот e изработен од врвни професионалци кои што подолг период наназад престојуваа во Бигорското светилиште, со цел да го доживеат и што поавтентично да ни го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта.

"Среде пустинската убост" зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее монахот.

Режија и монтажа: Горан Костадинов

Камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски

Дрон: Дарко Данилов

Постпродукција: Огнен Шапковски

Текст:

Среде пустинската убост


Среде пустинската убост,
во гори и пештери,
кај што цвеќињата цутат,
кај што птиците пеат.


Таму има чисти нешта,
како полски кринови,
и од розата покрасни,
Христовите монаси.


Се збогуваа со светот,
другари, родители,
сега Бог и сите свети
таму им се роднини.


Дење, ноќе, слатко пеат
за Спасителот Христа,
Кој ги украсил со доблест
и со многу благодат.


Пред изгрејсонце, во мракот,
уште пред да зазори,
пред да почне птичја песна,
тие се на молитва.


И ангелите се со нив
и ги окрилуваат,
им ја земаат молитвата
и ја носат нагоре.


Секој миг, со раце слаби
се држат за молитва,
бројаницата свештена
и житијата свети.


Секогаш возвишени се
во небесни висини,
како дрвата без лисја
и со лик мртовечки.


Штом камбаната се слушнe
со симандрото чујно
и клепалото штом тропне,
животот се менува.


Нè облекоа во расо,
во свештена облека
и ни дадоа и схима –
одиме за Голгота.


Нивната трпеза красна,
храната осветена,
колку скромна таа да е,
срцата ги весели.


Цареви заради ова
венците ги фрлија,
за без лик и чест да бидат
в ќелија затворени.


Што ми користат и браќа,
ближни и пријатели?
Кога смртта ќе ми дојде,
никој не ќе помогне.


Ако носам и јас раса,
тоа не е доволно,
треба световниот живот
сосем да го оставам.


Добро здравје, драги браќа,
другари и роднини,
не можам јас веќе овде,
во животов световен.

Свештена Бигорска Обител

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер