ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа

СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски се неспособни и неодговорни , а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи.

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт.

Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните.

Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира.

Пред два дена во село Доброште, Тетовско црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода.

Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира.

МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно.

Се уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани.

Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто мото здружение"- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс " откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа и била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена?

Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде регистрација врши „ Дурмо турс " и по кои основи истата е вратена?

Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка, Но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца?

Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност?

Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои настанала.

Граѓаните како и семејствата на загинатите и повредените очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа.

Што побргу си заминат Спасовски и Заев, побргу ќе заврши и хаосот кој го креираа.

Секој поминат ден со криминалниот картел на чело на државата е дополнителен ризик за граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

притисни ентер