Притисокот на јавноста ги даде првите резултати – Мајката на Костадинов и синот на Мисовски дадоа откази

Притисокот на јавноста за непотизмот во владините редови ги даде првите ефекти.Паднаа првите откази на роднини на функционери.

Фанија Костадинова, мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов и Кристијан Мисовски синот пратеникот Горан Мисовски си поднесоа отказ од работното место по силните реакции на јавноста. Синот на Мисовски бил вработен на определено време во Агенцијата за супервизија на осигурување..

Додека мајката на Костадинов била вработена во Централен регистар во Струмица, а оставката доаѓа по најавата на премиерот Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.

Дали ќе има и други откази, се уште не се знае. Од компанијата ЕЛЕМ, каде има најмногу вработени деца и роднинини на функционери информираат дека досега ниту еден вработен не се обратил до правната служба со најава за барање за раскинување на работниот однос.

Последен пример на непотизам кој беше обелоденет во јавноста се вработувањата на снаата, синот и братот на пратеничката на СДСМ од РАдовиш Милева Ѓоргиева. Од партијата велат дека тие не можат да им наложат на вработните да настапат по насоките на премиерот Заев.

,,Никој не треба да биде привилегиран, ниту дискриминиран. Ние ниту можеме да ургираме некој да се вработи, ниту имаме право да бараме да се откажат. Можеме да замолиме , а нивната одлука каква ќе биде ќе видиме.”

Од Центарот за истражување и креирање на политики велат дека во Македонија најзастапена е политичката дискриминација, особено во работните односи. Од таму истакнуваат дека државата мора да одбере по кој модел ќе работи јавната администрација.

Од Антикорупциска најдоцна до утре ќе ја испратат листата на потребни документи до ЕЛЕМ и останатите државни компании, преку кои треба да се утврди дали имало влијание при вработувањата за 18-те предмети кои пред неколку денови ги оформи Комисијата.

Уличната мода во Милано ја изненади јавноста: Дали ова е нов тренд? (видео)

Градот што некогаш важеше за инспирација на дизајнерите преплавен со невкус и немарност.

Модата во европските градови се следи со децении, а италијанскиот град Милано отсекогаш се сметал за нејзина престолнина. Сведоштвата на многумина кои некогаш го посетиле овој град најчесто беа позитивни и откриваа убаво облечени жени и мажи што шетаат по улиците.

Сепак, едно видео на социјалните мрежи покажа дека работите се менуваат, дека не е сè како што се чини, а тоа во најмала рака ги изненади луѓето. Иако сите мислат дека во Милано шетаат средени и дотерани луѓе, оваа снимка покажува дека, или луѓето имале погрешна слика за престолнината на модата или таа се променила со текот на времето и со доаѓањето на новите генерации и трендови.

На видеото може да се видат млади луѓе како се шетаат во безлична и неугледна облека. И не само тоа, туку и комбинираат неспоиви стилови, па носат бермуди со бели чорапи и мокасини. Исти такви чорапи се забележани и кај една девојка која ги комбинирала со фустан и високи потпетици, додека еден маж шета со речиси женска свилена кошула. Некои комбинирале зимска облека со летна, која изгледа како да ја собрале од контејнер, но сепак се сретнуваат и убави и позитивни примери на складно и елегантно облечени вљубеници во модата.

Дека уметничкиот израз е присутен меѓу луѓето во овој град, покажуваат и девојките кои преку ден носат вратоврска во комбинација со полежерна кошула, а притоа не изгледаат деловно. Додека некои носат фармерки со разни платнени додатоци, кои попрво би ги виделе во циркус отколку на улица. Сепак, некои останале доследни на својот стил и нешто што е класично, па не погрешиле при изборот на облека. Од друга страна, оние што носат необични парчиња облека и форсираат позапуштен изглед, посакуваат доза на екстравагантност и лежерност. Многу корисници на мрежата ова го дочекале со чудење, додека некои го бранеа ваквиот стил.

- Сè додека им е удобно така, не е важно. Модата е забавна и слободна.

- Луѓето прават сè за да изгледа како бездомници.

- Ниту еден од овие луѓе не изгледа добро. Сè им прилега лошо.

- Ова, демек, треба да биде мода... Луѓето немаат поим од мода, ова е само неуредност...

- Ужас! Сите се обидуваат да изгледаат лошо денес?

- Фала му на Бога што не живеам во Милано - беа дел од коментарите.

Многумина рекле дека овие шетачи секако се обидуваат да бидат автентични и креативни, но дека тоа не им успеало. Некои прокоментирале дека ова потсетува на модата од 90-тите, но изгледа многу поевтино. Има и коментари во кои е наведено дека вакви ситуации не се сретнуваат само во Милано, туку невешто облечени луѓе гледаме секојдневно, а тоа сигурно не може да биде мода. Со оглед на тоа што Милано е центар на модата и културата, многумина се согласиле дека вака Милано сигурно не испраќа добра слика и дека луѓето би требало малку повеќе да се погрижат со својот изглед.

Извор: srecna.republika.rs

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

притисни ентер