Обвинителството до крајот на неделата треба да даде појасна слика за несреќата

Обвинителството до крајот на неделата се очекува да има појасна слика за прашањето – како се случи сообраќајната несреќа кај Ласкарци и уште поважно, дали има одговорен за несреќата?

Сите очи се вперени кон возачот, кој се очкуева деновиве да биде сослушан, заедно со повеќе очевидци.

Во првичниот разговор со него, обвинителите не добиле релаватни податоци.. Сослушувањето ќе треба да даде одговор – дали тоа било поради првичниот шок или навистина тој нема претстава како се случило да изгуби контрола над возилото. Она што е сигурно е дека во неговата крв и урина не се пронајдени алкохол и дрога, а листинзите на обилните оператори треба да дадат одговор дали пред несреќата 49 годишниот гостиварчанец разговарал на мобилен телефон..

Паралелно ос сослушување, се очкуваат и извештаите на судските вештаци за исправнотста на автобусот, стар 18 години. Сомнежите во јавноста се актуелизираа откако се дозна дека овој и останатите автобуси, Дурмо турс ги проверувал во сопствениот технички преглед.

Во јавноста веќе се отворија дилеми. Порталот Фактор објави анализа во која се повикува на анонимни екперти кои тврделе дека заштината ограда требала да го спречи излетувањеето на автобусот, особено ако се потврди дека тој се движел со брзина помала од 100 км на час..

Улогата на заштитните банкини кои се направени од челичен лим поставени на челични столбови, е да ја апсорбираат енергијата, да го добијат ударот и со тоа да го сменат правецот на возилото. Па затоа потребно е да се објасни како автобусот ги пробил трите банкини.

Заштитните банкини на местото на несреќета се заменети со нови. Но и денеска на самото место можеа да се забележат минувачи како застануваат и ја разгледуваат околината.

Во најтешката автобуска несреќа животот го загубија 15 луѓе, а уште неколкумина на скопските болници се борат за живот.

Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана

Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата.

Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави во средата официјален претставник на кампањата, кусо откако американскиот претседател потпиша закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде.

Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТокТок, не се задоволни од начинот на кој Бајден се справува со војната во Газа, што ги ескалира протестите на универзитетите низ целата земја.

- Фрагментарното медиумско опкружување бара од нас да се појавиме и да допреме до гласачите таму каде што се, вклучително и онлајн. ТикТок е едно од многуте места каде што сакаме да им ја пренесеме нашата содржина на гласачите, рече претставник на кампањата на Бајден, кој сакал да остане анонимен.

Кампањата ќе користи „напредни безбедносни мерки“ додека ја користи апликацијата, додаде тој. Владата не е работодавач на персоналот во кампањата на Бајден и тие не се занимаваат со прашања за националната безбедност, па им е дозволено да ја имаат апликацијата на своите телефони, рекоа претходно претставници на кампањата.

Профилот на кампањата на Бајден на ТикТок, @bidenhq, објави речиси 120 видеа и има повеќе од 306.000 следбеници. Бајден редовно објавува видеа таму, иако Белата куќа вели дека ТикТок предизвикува „легитимна загриженост за националната безбедност“.

ТикТок планира да поднесе жалба на законот, а извршниот директор на компанијата вчера рече дека очекува да ја добие правната битка за блокирање на законот. /МИА

МД „Илинден“ бара Комитетот за национални малцинства во Тирана да постави повеќејазична табла

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

-На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

Врховен ја уважи жалбата на таткото на Вања, излегува од притвор

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ја уважи. 

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

притисни ентер