Паника во Кина, во езеро видена мистериозна риба

Мистериозна риба со огромни димензии  видена во езерото во еден популарен парк, која изгледала како „пола желка пола змија“ предизвикала паника во кинескиот град Гвангжу.

Жителите на градот биле шокирани од изгледот на животното.

Еден од очевидците за локалните медиуми изјавил , дека прво го видел грбот на рибата над вода, кој изгледал како на желка, но подоцна рибата ја покажала и главата која најмногу наликувала на главата на змија.

Стручњаците за суштества рибата ја оквалификувале како „алигатор – штука“ огромна врста на риба која живее во видите на Северна и Централна Америка. Големината на овие риби е импресивна , потсетува на мососаур , големо суштество кое живеело во морињата уште во времето на диносаурусите.

Рибите „алигатор штука“ може да бидат долги до три метри и тешки повеќе од 100 килограми.

Монструозната риба била видена во езерото кое се наоѓа во Паркот Баијун во Гвангжу.

Работник од паркот кој ја фотографирал рибата, тврди дека таа била долга околу два метри и дека изгледала„ целосно бизарно“.

Тајван изрази задоволство од долгоочекуваниот пакет помош од САД

Тајван изрази задоволство од пакетот помош одобрен од американскиот Конгрес, кој вклучува поддршка за островот со оружје, и покрај повиците на Кина до Вашингтон да престане да му продава оружје на Тајпеј.

САД се најважниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван и покрај недостигот на официјални дипломатски врски. Кина, која го гледа Тајван како своја територија, постојано бара да престане продажбата на оружје.

Американските сенатори одобрија со 79 „против“ и 18 гласа „против“ четирите предлог-закони усвоени од Претставничкиот дом во саботата, откако републиканските лидери во Претставничкиот дом ненадејно го сменија курсот минатата недела и гласаа за ослободување од 95 милијарди долари во главно воена помош за Украина, Израел и Тајван, како и за американски партнери во индо-пацифичкиот регион.

На состанокот со американските пратеници во посета на претседателската канцеларија во Тајпеј, тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го одбележа усвојувањето на законите во текот на викендот. „Ние сме многу среќни што Сенатот ги усвои овие закони“, рече Цаи. /МИА

Штајнмаер во Анкара ќе се сретне со Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе се сретнат денеска во Анкара, јавија турските медиуми.

Штајнмаер оваа недела пристигна во посета на Турција на покана на Ердоган. Завчера тој беше во посета на Истанбул, а вчера беше во Газиантеп.

На средбата на двајцата шефови на држави во претседателската палата Бештепе денеска ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу Турција и Германија во сите нивни аспекти и ќе се разговара за опциите за натамошен развој на соработката меѓу двете земји. Ќе се разговара за кризата во Појасот Газа и другите случувања на Блискиот Исток, војната меѓу Украина и Русија, односите меѓу Турција и Европската унија, како и други глобални и регионални прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

По билатералните разговори, претседателите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Штајнмаер вчера го посети градот Газиантеп, кој беше погоден од разорните земјотреси во февруари. Тој се сретна со гувернерот на областа Кемал Чебер и со градоначалничката на градот Фатма Сахин, објави „Хуриет“. /МИА

Иран и Пакистан бараат СБ на ОН да преземе дејствија против Израел

 Иран и Пакистан го повикаа Советот за безбедност на Обединети нации да преземе акција против Израел, поради како што тврдат „незаконски“ ги нападнал соседните земји и дипломатските објекти.

- Признавајќи дека неодговорниот чин на силите на израелскиот режим претставува сериозна ескалација во и онака нестабилен регион, двете страни го повикаа СБ на ОН да го спречи авантуризмот на израелскиот режим во регионот и неговите незаконски дејствија за напад на соседите, се истакнува во заедничката изјава Иран и Пакистан.

Заедничката изјава е договорена за време на тридневната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан во време на зголемени тензии во регионот на Блиски Исток. /МИА

притисни ентер