Научниците покажаа разлики во функционирањето на мозокот на ранобудните и на ,,ноќните птици”

Мозочните функции на ранобудните и на ,,ноќните птици” се разликуваат , покажаа последните истражувања.

Научниците го снимале работењето на мозокот меѓу 8 и 20 часот на оние кои обично заспиваат околу 2.30 часот и се будат околу 10.30 наутро , како и на ранобудните , кои легнуваат пред 23 , а стануваат околу 6.30 часот. Кај оние кои легнуваат подоцна било утврдено дека има помалку конектиовност во деловите на мозокот поврзани со одржување на будна состојба.

Исто така , имале помало ниво на внимание, побавни реакции и засилена поспаност. Според научниците тоа ги става во понеповолна позиција оние кои се нарекуваат ,,ноќни птици” , порради ограничениот работен ден.

Во истаржувањето биле опфатени 38 лица и ја снимакле мозочната финкција кај нив со помош на магнетна резонанца. Волонтерите потоа извршувале различни задачи во време од 8 до 20 часот , а за тој период пријавувале и периоди на поспаност.

Ранобудните биле најмалку поспани и најбргу реагирале во задачите што ги добивале во утринските часови , многу подобро од другите. ,,Ноќните птици” биле најмалку поспани и најдобро работеле околу 20 часот , иако нивните резултати во тој период не биле нешто подобри отколку кај ранобудните. Тоа значи дека конективитетот на ,,ноќните птици” е ослабен во текот на целиот работен ден, велат научниците.

Раководителката на истражувањето , професорката Елис Фејчер Чајлдс од Универзитетот во Бирмингем смета дека ваквите резултати би можеле да произлегуваат од фактот што ,,ноќните птици” биле загрозени во текот на целиот живот.

Таа потсетува дека овие луѓе морале да се прилагодуваат за да одат наутро на училиште , а потоа и на работа од наутро , иако нивниот организам не бил прилагоден кон тоа.

,,Кога како општество би биле пофлексибилни во управувањето со времето , би можеле многу повеќе да постигнеме во зголемување на продуктивноста и намалување на здравствените ризици.” , смета професорката.

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

притисни ентер