Влада: Меѓуресорска работна група донесе одлука за обврските од Преспанскиот договор

Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба. 

По оддржаниот прв состанок, Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, ги донесе следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:

Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;

Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.

Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.

Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.

Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели. 

Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.

Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака ‘NMK”  за регистерските таблички на возилата. 

 Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.

Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.

Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности. 

Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени, се наведува во соопштението од Владата.        

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори.

 Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.

Концептот на „едно општество за сите" е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат.

Заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатен од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен.

Партија за движење на Турците

МОН: Општина Гостивар незаконски разрешува и назначува директори на училишта

МОН нагласува дека преземените мерки имаат дефинирани рокови и важат до отстранување на неправилностите.

Министерството за образование и наука соопшти дека е должно да преземе законски мерки за привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта затоа што Државниот просветен инспекторат (ДПИ)  при инспекциски надзор утврдил  идентични неправилности за кои на Општина Гостивар еднаш веќе ѝ беа одземени ингеренции во образованието.

По вчерашната реакција на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, МОН денеска во соопштение наведува дека тој не ги почитувал законските одредби во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта.

МОН појаснува дека разрешувањата на директорите, според она што го утврдил Инспекторатот, биле извршени без процедури предвидени со закон, а новите директори не ги исполниле условите и критериумите за позициите и биле назначени со непочитување на законот.

-Исто така, констатирани се состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврата од страна на градоначалникот – првиот пат без да се почитуваат постапките и, по забелешките на Инспекторатот, Таравари ги врати на должност за да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и тие лица, кои не ги исполнувале условите, биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори, наведува МОН констатирајќи, како што вели „со жалење", дека во Гостивар се повторува истата состојба од претходната година, иако МОН  ѝ ги врати на општината надлежностите откако првиот пат беа отстранетите неправилностите.

МОН нагласува дека преземените мерки имаат дефинирани рокови и важат до отстранување на неправилностите и го повика градоначалникот на Гостивар да не обвинува заради политички цели и да не ја вклучува политиката бидејќи, како што додава во соопштението, во оваа ситуација штета им се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес. 

Бугарија го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

 Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.

На пленарната седница на која присуствуиваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека моментот на присоединување на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијансата.

-Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева.

Таа посочи дека политиката на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.

-Водени од тоа убедување неколку бугарски влади донесоа одлуки за склучување меморандуми со тогашната Република Македонија. Патот за просоединување кон НАТО не беше лесен за нашите соседи. Заедничките вежби на нашите армии ќе придонесат за развој на нашите способности, посочи Захариева.

Бугарија, додаде таа, ќе продолжи да го потпомага процесот на внатрешните реформи во Северна Македонија кои се неопходни за добивање на членството.

-Членството во НАТО одбележува нова етапа во односите меѓу двете држави. Од првостепена важност е да продолжи работата на подобрување на инфраструктуратам изградбата на патишта и магистрали. Така ќе бидат отворени нови можности за иодните инвеститори што ќе помогне за развојот на нашите економии, рече шефицата на бугарската дипломатија која го поздрави присуството на ратификацијата на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозициксата Бугарска социјалистичка партија. Тие веќе неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.

Инаку, Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија пред пленарната седница одржа средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции.

-Ви честитам за успеешното завршување на ратификацијата на Договорот од Преспа и за потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО, рече Карајанчева.

Џафери од своја страна изразил благодарност за напорите и поддршката која Софија ни ја укажа за европските и евроатланстите интеграции.

– Дијалогот и соработката можат да не водат напред, рекол Џафери.

Предвидено е Џафери да има средба и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија. 

притисни ентер