Најозлогласениот наркобос Ел Чапо прогласен за виновен (ВИДЕО)

Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман Ел Чапо е прогласен за виновен по сите точки на обвинението , одлучи денеска судот во Њујорк.

Најпознатиот наркобос на светот , Ел Чапо е прогласен денеска виновен по сите десет точки од обвинението , а судот на Менхетн ќе ја соопшти пресудата на 25 јуни. На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор. Минатата недела поротата се повлече за да донесе одлука за вината на Ел Чапо и денеска едногласно ја изнесе одлуката. Ел Чапо се товари за водење континуиран криминален потфат и меѓународен систем за производство и дистрибуција на кокаин , хероин, метамфетамин и марихуана.

Иако се очекуваше брза пресуда , со оглед на огромниот број докази и сведоштва на поранешните соработници на наркобосот , сепак до пресудата ќе треба да се причека. До сега 57 сведоци дадоа искази , а самно еден сведок на одбраната.

Доколку се осуди само по една точка од обвинението , добива доживотна казна затвор , зашто во секој дел од обвинителниот акт има и по десетици кривични дела .

Така , во една точка има 27 кривични дела на Ел Чапо , кои се докажани во постапката. Доколку не побегне од американскиот затвор , акко што направи два пати од мексиканските , 61 годишниот нарко бос до крајот на животот останува зад решетки.

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

Полицијата за прв пат употреби вистинска муниција и водени топови во Хонг Конг (ВИДЕО)

Полицаец пукаше од пиштол со вистинска муниција за време на денешните протести во Хонг Конг , кои ескалираа во бројни судири со демонстрантите.

За прв пат од почетокот на протестите во јуни , денеска полицијата употреби вистинска муниција, додека демонстрантите ги напаѓаат со шипки.

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите кои зазедоа улица во областа Цуен Ван. На тоа полицијата возврати со камиони со топови со вода за прв пат на протестите.

притисни ентер